Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Фудбалската репрезентација на Македонија со благодарност до Босна и Херцеговина: Во Сараево се чувствувавме како дома

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Спорт
media-library9pk54ms9c30hckJPu21

Фудбалската репрезентација на Македонија преку објава на социјалните мрежи изрази благодарност до домаќините во Сараево за приемот и гостопримството за време на престојот во Босна и Херцеговина.

Од националниот тим посочија дека во текот на двата дена во Сараево се чувствувале како дома и упатија посебна благодарност до претседателот на Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина, Вицо Зељковиќ, спортскиот директор Емир Спахиќ и целата федерација.

— реклама —

„Не беше само гостопримство, беше чувство како да сме дома. Голема благодарност до претседателот Вицо Зељковиќ, спортскиот директор Емир Спахиќ и целата Фудбалска федерација на Босна и Херцеговина. Во овие два дена направивте сѐ за да се чувствуваме како свои, а тоа не се заборава“, се наведува во објавата.

— реклама —
— реклама —

Од македонската репрезентација истакнаа дека Сараево е град со посебна енергија и им посакаа многу успех на босанските фудбалери во идните предизвици.

— реклама —

„При првата прилика ќе се потрудиме да ви вратиме во Македонија на ист начин. Дотогаш, ви посакуваме многу среќа и успех на Светското првенство. Ќе навиваме за вас“, порачаа од македонскиот национален тим.

Објавата беше проследена со фотографии од престојот во Сараево и претставува уште една потврда за добрите односи меѓу фудбалските федерации на Македонија и Босна и Херцеговина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

FFM

ФФМ ја прифати жалбата на Вардар, Тиквеш елиминиран од Купот на Македонија

Спорт | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarypbje3d0qsd29bjyKN3B

(Видео) „Врие Шкотланѓани во Скопје“: Тевдовски бара ФФМ вечерва да ги отвори вратите бесплатно

Спорт | пред 1 месец

FFM

ФФМ до Шкендија: Заканите нема да ја променат изречената казна

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryttl4anmjf45db2vcDG0

(Видео) Македонската химна исвиркана среде Скопје

Настани | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања