Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Седлоски повеќе не е селектор, ФФМ му се заблагодари за придонесот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 12 минути -

Спорт
media-library0i1kap18pdlu0fN0xjK

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Гоце Седлоски ја завршуваат досегашната соработка. Одлуката за разделба, како што посочуваат од Федерацијата, е донесена во интерес на репрезентацијата, но и на самиот Седлоски, со цел да се избегнат дополнителниот притисок и негативните коментари.

— реклама —

Од ФФМ нагласуваат дека резултатите не треба да го засенат придонесот на Седлоски за македонскиот фудбал, истакнувајќи дека станува збор за еден од најтрофејните македонски тренери, легендарен капитен и личност која оставила длабока трага во историјата на домашниот фудбал.

— реклама —

„Можеби моментот во кој ја презеде репрезентацијата не беше идеален. Можеби високите очекувања, наспроти реалноста, околностите и резултатите не се поклопија со она што сите го посакувавме. Но, тоа не ја менува неговата заслуга, ниту придонесот што го има дадено за македонскиот фудбал“, се наведува во пораката на ФФМ.

Федерацијата му се заблагодари на Седлоски за досегашната работа, посветеноста и професионалниот однос, оставајќи отворена можност неговото знаење и искуство и во иднина да бидат ставени во служба на македонскиот фудбал, без разлика дали на клупско или на репрезентативно ниво.

— реклама —

Од ФФМ испратија и порака дека фудбалот не се сведува само на резултати, а почитта кон луѓето кои придонеле за неговиот развој треба да остане и по завршувањето на нивната работа.

— реклама —

„Резултатите се дел од фудбалот. Почитта кон луѓето кои го задолжиле треба да остане и по последниот натпревар“, порачуваат од ФФМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

FFM

ФФМ ја прифати жалбата на Вардар, Тиквеш елиминиран од Купот на Македонија

Спорт | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarypbje3d0qsd29bjyKN3B

(Видео) „Врие Шкотланѓани во Скопје“: Тевдовски бара ФФМ вечерва да ги отвори вратите бесплатно

Спорт | пред 1 месец

FFM

ФФМ до Шкендија: Заканите нема да ја променат изречената казна

Македонија | пред 5 месеци

media-library9pk54ms9c30hckJPu21

Фудбалската репрезентација на Македонија со благодарност до Босна и Херцеговина: Во Сараево се чувствувавме како дома

Спорт | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања