Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

ФИФА отстрани судија од СП

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Спорт
media-libraryttl4anmjf45db2vcDG0
фото: unsplash

Светската фудбалска федерација направи неочекуван и многу остар потег пред Светското првенство – холандскиот судија Роб Диперинк е отстранет од листата на официјални лица за Мундијалот.

Диперинк, кој беше планиран за улога на ВАР-судија на претстојниот турнир, се најде под истрага на лондонската полиција по пријава за наводен сексуален напад врз малолетник во текот на април во Кројдон.

— реклама —

Иако случајот брзо беше затворен поради недостиг на докази, ФИФА не ја промени својата одлука.

„ФИФА може да потврди дека Роб Диперинк е отстранет од листата на судии за Светското првенство“, се наведува во краткото соопштение што го пренесува „The Athletic“.

— реклама —

Метрополитанската полиција во Лондон потврди дека против холандскиот арбитар нема да има понатамошни постапки. Како што наведоа, била спроведена детална истрага во која биле прегледани снимки од надзорни камери, како и дигитални уреди, но „прагот на докази не бил исполнет“.

Веста предизвика големо внимание во Холандија, особено затоа што Диперинк јавно изјави дека бил „неправедно обвинет“ и дека од самиот почеток соработувал со сите институции.

„Длабоко сум разочаран што бев неправедно обвинет. Обвинувањата беа отфрлени многу брзо по темелна истрага. ФИФА, УЕФА и КНВБ од самиот почеток имаа целосна транспарентност од моја страна“, изјави Диперинк за холандскиот „De Telegraaf“.

— реклама —

Холандскиот судија не ја криеше разочараноста поради одлуката на ФИФА.

„Секако дека сум разочаран што нема да бидам на Светското првенство“, додаде тој.

Зад својот арбитар застана и Кралскиот холандски фудбалски сојуз, кој нагласи дека сериозно пристапува кон секоја пријава за несоодветно однесување, но и дека верува оти секој мора да добие шанса да се одбрани.

„Посветени сме на безбедна и фер фудбалска култура. Сепак, важно е луѓето да не бидат однапред осудени. Полицијата во Обединетото Кралство го затвори случајот, а Роб Диперинк од самиот почеток целосно соработуваше“, соопштија од КНВБ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq9rpuu0r9cad3l0v7LL

По извинувањето, Инфантино ја продолжува кампањата за нов мандат – бара поддршка од Азија

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

Бивш фудбалер ќе се бори за прв човек на ФИФА, изборите во март 2027 година

Спорт | пред 2 седмици

media-libraryq9rpuu0r9cad3l0v7LL

Германскиот фудбалски сојуз против Инфантино: „Мора да му се стави крај на неговиот систем“

Спорт | пред 1 месец

media-library0e7tqbm5lifk6O3KqQX

ФИФА го смени оперативниот директор кој го критикуваше Инфантино

Спорт | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања