Промени тема
Контакт

Филипче: Додека работниците протестираат за плата, Владата најавува луксуз со нов владин авион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarykh9f1e7tdmc6epjyCNl

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во Собранието, одговарајќи на новинарско прашање, упати остра критика до Владата поради најавата за купување нов владин авион, во период кога граѓаните и работниците, како што рече, се соочуваат со сериозни егзистенцијални проблеми.

— реклама —

Филипче оцени дека ваквата најава не е изненадување, бидејќи, според него, власта и досега покажала дека се грижи исклучиво за сопствените интереси, а не за секојдневието на граѓаните. Тој нагласи дека одговорна власт мора да има целосен надзор и грижа за сите процеси, особено за квалитетот на животот на луѓето, наместо да дозволува, како што рече, работите да се менаџираат без јасна одговорност.

— реклама —

Според претседателот на СДСМ, апсурдно е во исто време кога работниците излегуваат на протести и бараат повисоки плати за да можат да врзат крај со крај, Владата да најавува трошење јавни средства за луксузни потреби. Тој предупреди дека ваквите потези создаваат немир и револт во различни социјални слоеви и дополнително ја продлабочуваат недовербата во институциите.

Филипче порача дека не го изненадува фактот што власта, како што изјави, не води сметка за реакциите на јавноста и за состојбата во која се наоѓаат граѓаните, туку демонстрира однесување кое целосно е одвоено од реалноста. Купувањето нов владин авион, според него, е симбол на таа изолираност и луксузирање на сметка на народот.

— реклама —

Тој додаде дека ваквото однесување е уште една потврда за, како што рече, неодговорното владеење кое ја изолира државата, го блокира евроинтегративниот процес и не обезбедува одговорност за коруптивните скандали. Филипче нагласи дека наместо одговорност, поединци од власта се наградуваат и унапредуваат, и покрај сомнежите за злоупотреба на јавни пари, што, според него, претставува поразителна порака до граѓаните.

— реклама —

„Кога надвор штрајкуваат работници, а власта најавува купување нов владин авион, тоа е врв на безобразие и пример за политика што не личи на ништо“, заклучи Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

Филипче: Зарем мислите дека Фон дер Лајен не знае дека Мицкоски ги контролира медиумите?

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library9eo7mjh9rnt466BgeSB

Филипче: Се покажаа точни нашите укажувања за српското, унгарското влијание и кинеските пари

Македонија | пред 2 дена

media-librarylk1sn6p76e0k87kZ3Ut

Филипче: Нема да седам мирен кога е загрозена државата, Мицкоски се однесува душмански

Македонија | пред 2 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

Филипче со повик до пратениците за поддршка за зголемување на минималната плата на 600 евра

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања