Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Филипче ги објави извештаите за кои го обивнуваат дека не постојат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
VF-press-Izvestai-1

На денешната прес-конференција претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, ги презентираше извештаите кои биле доставени до анкетната комисија за Клиниката за онкологија, формирана по барање на ВМРО ДПМНЕ и злоупотребена исклучиво за политичка хајка против него.

— реклама —

Филипче потенцираше дека овие извештаи биле редовно изработувани и биле дел од документите од министерството со што целосно ги разобличи лагите на Мизрахи и ДПМНЕ кои тврдеа дека не постојат.

„Благодарение на искрените и чесни луѓе вработени во Министерството за здравство, кои што знаат што се сум направил за пациентите и за сите вработени генерално во здравствениот сектор, до мене ги пратија извештаите за коишто бев клеветен дека ги немало. Јас бев убеден дека такви извештаи има и сега сакав тоа да го покажам. Откако беа доставени до мене извештаите, јас ги доставив до Обвинителството“, рече Филипче.

— реклама —

При тоа Филипче ги повика Рашела Мизрахи и тогашниот министер за здравство Фатмир Меџити да одговорат како и зошто овие извештаи биле криени.

— реклама —

„Дали е точно дека на барање на истражните органи, кои водат постапка за овој случај, овие извештаи не им биле доставени. Ги прашувм директно дали намерно се криеле извештаите за да ме вовлечат и обвинат во скандалот? Има ли нешто позлобно од тоа да се прикрива вистината во еден грозоморен случај за политички поени и згора на се да се кријат докази од истражните органи. Ова е скандал без преседан“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче и порача дека очекува да биде покрената истрага за тоа како и зошто досега овие извештаи биле криени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh1a0pvf66pfuaUCkkFs

Филипче: Со Мицкоски ќе останеме без нација, луѓето масовно бараат бугарски пасоши

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-library1bkovpeakj1f4j9CkQR

Филипче бара СДСМ да дојде на власт и вети: Секој граѓанин акционер во Државна лотарија

Свет | пред 22 часа

media-libraryhaqek0kpenp3echg1tc

Филипче: Мицкоски со години ме руши, ме прават убиец на деца, доктор Менгеле и криминалец

Македонија | пред 23 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Нема пазарења со никој – граѓаните во Брвеница сами да одлучат за кого ќе гласаат

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања