Промени тема
Контакт

Филипче: Немам никаква поврзаност со било која фирма за марихуана во државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library4pffk8jkp0ug3DPxTnT

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, ги отфрли обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, за наводна поврзаност со фирми за марихуана. Филипче нагласи дека станува збор за координиран обид за дефокус од вистинскиот скандал со шверц на 5 тони дрога.

— реклама —

„Тоа е апсолутно само една форма на дефокус. Јас немам никаква поврзаност со било која фирма за марихуана во државата. Повторно е тоа еден обид за дефокус и да се избегне одговорот на вистинското прашање, како пет тони марихуана 4-5 шлепери поминале преку граница и завршиле во Србија. Тоа е главното прашање. Како поминале на царинска контрола на граница? Тоа се прашањата, се друго е еден голем дефокус нешто што практично го гледаме изминатиот период цело време“, рече Филипче.

Притоа Филипче нагласи дека и тој лично, како и партијата, се мета на организирана медиумска хајка и лажни обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Оваа сегашна власт, ВМРО-ДПМНЕ контролира една голема мрежа на медиуми тие се во целосна координација, не само сега изминатите повеќе од 10 години. со медиумската мрежа којашто е контролирана од луѓе на унгарскиот премиер Орбан. Еве како излезе, прво Жан Митрев, некое смешно обвинување како јас сум влијаел на судски процеси, па Дубаи, па Харис Џиновиќ, па авиони, ме поистоветија со убиец на деца, па дека сум се дрогирал, што уште нема да измислат“, рече Филипче.

— реклама —

Филипче нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ споменувајќи ја модуларната болница во Тетово, покажува недостиг на емпатија кон семејствата на жртвите и ја користи трагедијата како дел од медиумска хајка.

„Модуларната болница ја спомнуваат во Тетово. Дали мислат на оние луѓе семејства коишто ги изгубија таму членовите на семејствата? Дали на тие луѓе помислуваат? Но  не ме чуди овој систем на медиумска хајка којшто го водат поради тоа што овој систем на медиумска хајка и лажни вести, лажна кампања е воден од луѓе кои додека седат во собранието им се потсмеваат на родителите на децата што загинаа во Кочани“, рече Филипче.

— реклама —


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

Филипче: Зарем мислите дека Фон дер Лајен не знае дека Мицкоски ги контролира медиумите?

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library9eo7mjh9rnt466BgeSB

Филипче: Се покажаа точни нашите укажувања за српското, унгарското влијание и кинеските пари

Македонија | пред 2 дена

media-librarylk1sn6p76e0k87kZ3Ut

Филипче: Нема да седам мирен кога е загрозена државата, Мицкоски се однесува душмански

Македонија | пред 2 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

Филипче со повик до пратениците за поддршка за зголемување на минималната плата на 600 евра

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања