Промени тема
Контакт

Филипче: Ново задолжување од 300 милиони евра е на повидок, кризата се продлабочува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library3nf2j6gaan2ic3xojPA

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека државата се подготвува за ново задолжување во износ од 300 милиони евра, предупредувајќи дека ваквата пракса станува континуирана и дека економската состојба е сѐ посериозна.

— реклама —

Според Филипче, новото задолжување ќе биде насочено кон пополнување на буџетските дупки, во услови кога државата, како што рече, е соочена со длабока економска криза. Тој нагласи дека принципиелно дава поддршка на барањата на сите групи граѓани кои бараат помош, оценувајќи дека гласот на работниците и синдикатите мора да биде слушнат.

— реклама —

Филипче потсети дека во периодот кога СДСМ ја водеше Владата, дури и во услови на глобални кризи, платите бележеле континуиран раст. Како аргумент посочи дека за седумгодишен период минималната плата била речиси дуплирана, а значително пораснала и просечната плата, што, според него, било резултат на стабилни и одговорни економски политики.

— реклама —

Тој нагласи дека ваквите политики биле поткрепени и со силен прилив на странски инвестиции, при што во последната година од владеењето на СДСМ тие достигнале речиси една милијарда евра. Денес, според Филипче, такви инвестиции нема, странските вложувања се значително намалени, а дел од компаниите ја напуштаат земјата, што дополнително ја продлабочува кризата.

— реклама —

„Соочени сме со голема економска криза, а наместо развој и инвестиции, сведочиме на нови задолжувања кои немаат крај“, порача Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

Филипче: Зарем мислите дека Фон дер Лајен не знае дека Мицкоски ги контролира медиумите?

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library9eo7mjh9rnt466BgeSB

Филипче: Се покажаа точни нашите укажувања за српското, унгарското влијание и кинеските пари

Македонија | пред 2 дена

media-librarylk1sn6p76e0k87kZ3Ut

Филипче: Нема да седам мирен кога е загрозена државата, Мицкоски се однесува душмански

Македонија | пред 2 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

Филипче со повик до пратениците за поддршка за зголемување на минималната плата на 600 евра

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања