Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Филипче: Оваа власт не сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryg60c4lk26ufb5gN5tMU

Дозволете да изразам голема загриженост за ситуацијата во земјата за немањето никаков прогрес на европскиот пат за практично антиевропските манири кои што сметам дека ги гледаме во веќе половина од мандатот, скоро и поминат на оваа влада. Освен што не се работи ништо по забелешките коишто ги добиваме од извештаите од Европа, не повикани од тоа се практикуваат антиевропски манири, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче на Националниот совет за евроинтеграции.

„Ситуацијата во светот драстично е сменета геополитичката ситуација се менува, напред кон Европа во едни други околности оди Украина, Молдавија. Го слушаме премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ,  како повикува на политички одлуки за прием во Европската Унија, меѓутоа дури и тоа да се случи не ја спомнува Северна Македонија се осврнува на Босна и Херцеговина.

 Што значи дека, никаква задача домашна не ја завршена, не сме го зајакнале системот не можеме да бидеме спремни ниту за некаква политичка одлука доколку дојде до такво нешто во рамките на Европската Унија.

 На неколку нивоа сметам дека е проблемот, прво немањето политичка волја да се спроведат Уставните измени којшто се очигледно единствениот начин да се продолжат преговорите, да се отворат кластерите. Покрај најавите на владата дека нешто ќе се репреговара ќе се менува очигледно дека тоа не се случува. Дали беа свесни кога тоа го ветуваа или не тоа останува голема дилема.Мислам дека беа свесни дека ова е едно намерно запирање на европскиот пат на земја.

 Не се спроведува реформската агенда ама буквално никако.Од законите коишто требаше да се донесат лани се донесе само еден, набрзина еден од 12, којшто не беше целосно имплементација на препораките на Оценската мисија. Тоа се законот од областа на правосудството конкретно Законот за судскиот совет, само парцијално имплементација на тие препораки. Повторно еден обид да нешто се прикаже дека се работи, а во суштина ништо од тоа не е сработено.

— реклама —

 Понатаму, отворено изразување на проруските ставови, на внимавајте, вицепремиерот на нашата влада којшто присуствува на состаноци со луѓе блиски до Путин тоа не го крие, тие ставови не се не се кријат. Дали во тој контекст може или не да се носи и неговата изјава дека Европа треба да размислува да ние влеземе заедно со замислете Србија како е тоа спарување и врз која основа тоа го кажува вицепремиерот Стоиљковиќ е една голема дилема. Нешто што навистина сметам дека веќе не допира само во аспектите на проширувањето на Европската Унија, во политичките контексти но и во безбедносните контексти на целиот овој регион.

 Намерно, сме ставени на маргините на Европската Унија, отворено проруско влијание. Сомнителниот капитал којшто влегол во земјава, којшто е одбиен од земји членки на Европската Унија, големо прашање, зошто е дозволен таков влез од страна на гувернерот на владата, на Алта банка од Србија, сомнителен капитал со сомнително потекло.

 Се обиделе да влезат во земја членка на Европска Унија и биле одбиени, а оваа власт тука широко им ги отвори вратите. Дали тоа на нешто укажува? Понатаму, антиевропските манири повторно не повикани, ниту пак испровоцирани од никого. Слободата на говор, замислете се носи резолуција во Собранието со коешто се забранува, со ограничува слободата на говор на политички субјекти на опозицијата.

— реклама —

 Кои се тоа манири коишто ги практикува оваа власт? Понатаму, влошувањето на односите со соседите, во ниту еден контекст на добрососедски односи, провокацијата кон Грција од страна на премиерот дека го вратил старото име, влошувањето на односите со Бугарија. Наместо да се работи за тие односи се подобруваат, да се развиваат, ние влегуваме во ситуација кога затворени прашања повторно се отвораат за некаква националистичка, популистичка политика, последниот аспект на ова, слободата на медиумите.

 Огромен процент од медиумите, тука, телевизии, портали итн, практично се во директна сопственост на луѓе блиски на премиерот Орбан од Унгарија, господинот Петар Шатц, Адрија медија група итн. Тоа се медиуми кои промовираат антиевропски ставови, не сега, со години наназад и ги поддржуваат политиките на оваа влада.

— реклама —

 Така да, во тој дел на неспроведувањето на реформите, не правењето никаков чекор кон спроведувањето на уставните измени, ограничувањето на слободата на говор, сомнителниот капитал кој доаѓа од други земји, флертувањето и отворената соработка со луѓе блиски на рускиот претседател Путин, контролата на медиумите од страна на луѓе блиски на Орбан, сериозно го поставува прашањето дали оваа влада воопшто, ја мислам дека не, сака да направи чекор кон Европската Унија.

 И на крајот ќе завршам со нешто што утре нашите граѓани и економија конкретно ќе го почувствуваат, ограничувањето на движењето на нашите превозници со воведувањето новиот електронски систем од Европска Унија.

 Ќе крахира економијата, што би рекол еден независен аналитичар и со тоа упатува сериозна порака до еден министер вицепремиер во владата којшто треба да се занима со тоа и којшто не требал да доведе или требал да направи нешто да тоа не се случи, а тој независен аналитичар се вика Александар Николоски. Предупредува дека ќе крахира економијата, внимавајте кога над 60, 70% од нашата економија, извозот и увозот, посебно, поединечно се врзани со земји членки на Европската Унија. Граѓаните по којзнае кој пат ќе го платат цехот и цената на овие лоши владини политики“; изјави Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylk6kmpj780a7741ItyH

„Во мое време немаше труење, ниту во Гостивар“, вели Филипче

Македонија | пред 4 дена

media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

Филипче: Кој гарантира дека „техничката вода“ во Гостивар е безбедна?

Македонија | пред 4 дена

media-librarysjk5kemche6553QKpMV

Филипче до Мицкоски: Зошто криете резултати за загадената вода?

Македонија | пред 5 дена

media-library3oq8urer67kg3Il1Yff

Филипче до Мицкоски: Пола држава пие загадена вода, кој ќе одговара?

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања