Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Партиските директори во болниците ги замолчуваат лекарите да не зборуваат за катастрофата во здравството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
filipce-1

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја критикуваше актуелната Влада на ВМРО-ДПМНЕ за неспроведување на ветувањата за деполитизација и департизација, оценувајќи дека реалноста е целосно спротивна од предизборната реторика.

— реклама —

„ВМРО-ДПМНЕ, која дојде на власт со големи ветувања за деполитизација, спроведува сурова окупација на институциите. Наместо компетентност, на чело на клучни институции гледаме партиски кадри, братучеди и блиски роднини. 'Мерит системот' на Мицкоски е всушност партиска книшка како главна квалификација за било какво вработување,“ изјави Филипче.

— реклама —

Тој истакна дека состојбата во здравството и образованието е исто така алармантна. „Болниците кубурат со основни медицински материјали, листите за чекање се огромни, а новопоставените директори ги заплашуваат здравствените работници за да не зборуваат јавно за проблемите. Во образованието гледаме закони кои го намалуваат квалитетот на наставата и ги ограничуваат правата на учениците со посебни потреби,“ додаде тој.

— реклама —

На крајот од годината, според Филипче, јасно е дека најголем дел од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ останаа само празни зборови. „Кампањата што ја водеа беше базирана на лаги, и граѓаните веќе почнуваат да ја чувствуваат тежината на тие лаги. Ако Владата продолжи со истите политики во 2025 година, состојбата само ќе се влоши,“ предупреди Филипче.

СДСМ продолжува да биде глас на граѓаните, укажувајќи на пропустите и штетните политики на актуелната власт, и ќе се бори за враќање на професионализмот и компетентноста во институциите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh1a0pvf66pfuaUCkkFs

Филипче: Со Мицкоски ќе останеме без нација, луѓето масовно бараат бугарски пасоши

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-library1bkovpeakj1f4j9CkQR

Филипче бара СДСМ да дојде на власт и вети: Секој граѓанин акционер во Државна лотарија

Свет | пред 22 часа

media-libraryhaqek0kpenp3echg1tc

Филипче: Мицкоски со години ме руши, ме прават убиец на деца, доктор Менгеле и криминалец

Македонија | пред 23 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Нема пазарења со никој – граѓаните во Брвеница сами да одлучат за кого ќе гласаат

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања