Промени тема
Контакт

Филипче: Постојат сомнежи дека системот „Сејф сити“ штити луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryqa6sr0liruro0by6qNZ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, посочи дека постојат сомнежи дека системот „Сејф сити“ штити луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Филипче рече дека СДСМ го поддржува подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, но дека остануваат отворени прашања околу контролата и управувањето со податоците што ги собира системот.

Што се случува со податоците. Како да поддржиме закон во кој што никако не е регулирано што се случува со податоците кои што системот „Сејф сити“  ги собира. Ве снимаат сегаде низ градот, никој не знае каде сеподатоците, ниту кој ги контролира. Имаме сознанија дека има регистарски таблички на членови на ВМРО-ДПМНЕ кои што преку системот „Сејф сити“ се тргнати да не се регистрираат, да не ги казнуваат своите луѓе“, рече Филипче.

— реклама —

Тој додаде  дека ваквите информации се сериозни и дека во наредниот период очекува да има дополнителни детали.

— реклама —

Тоа се информациите кои што стигнуваат до нас и ќе видиме во следниот период  какви се информации  ќе доаѓаат“, рече Филипче.

Во интервјуто Филипче потенцираше дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не покажува волја за системски решенија кои се во интерес на граѓаните.

— реклама —

Нема желба оваа влада да се направи нешто суштински што е во интерес на сите.Оваа влада е најлошата влада во историјата на државата, ниту имаат знаење, ниту капацитет, ниту искуство како се води државата, ниту имаат желба да направат нешто добро за граѓаните“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

Филипче: Зарем мислите дека Фон дер Лајен не знае дека Мицкоски ги контролира медиумите?

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library9eo7mjh9rnt466BgeSB

Филипче: Се покажаа точни нашите укажувања за српското, унгарското влијание и кинеските пари

Македонија | пред 2 дена

media-librarylk1sn6p76e0k87kZ3Ut

Филипче: Нема да седам мирен кога е загрозена државата, Мицкоски се однесува душмански

Македонија | пред 2 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

Филипче со повик до пратениците за поддршка за зголемување на минималната плата на 600 евра

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања