Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Се што сака ВМРО-ДПМНЕ е контрола на судството, а не реформи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
filipce

„Година и пол ВМРО-ДПМНЕ се на власт. За неколку месеци ќе поминат изборите, а оваа гужва ќе влезе веќе во втората половина од мандатот на оваа влада и тие не сработеа ништо. Ништо не направија од реформите коишто се наведени во заедничкиот документ со Европската Унија , документ што се вика Реформска агенда. А тоа е она што граѓаните го очекуваат: вистински реформирано, независно судство, надвор од политички влијанија, за конечно да се врати довербата во еден од клучните сегменти на државата ,  правосудството.“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

— реклама —

Филипче потенцираше дека префрлањето на одговорноста од страна на премиерот е неприфатливо.

— реклама —

„Одговорноста за неспроведување на реформите е ексклузивно негова  лична, и на неговиот тим. Според планот, годинава требаше да се донесат 12 закони. Не е донесен ниту еден. Не е ниту поднесен во Собранието.“, потенцираше Филипче.

— реклама —

Според претседателот на СДСМ, главната цел на владејачката структура не е реформа, туку контрола.

— реклама —

„Сѐ што сакаат е да го контролираат судството. Да назначуваат свои роднини, пријатели, сопружници на градоначалници, на нивни коалициски партнери, роднини. Се тоа тоа само за да имаат свои луѓе и да можат да влијаат на судски процеси. Ништо повеќе не сакаат од тоа. За жал, повторно гледаме партизирана држава, како во нивниот претходен мандат до 2017 година“, порача Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

„Згрозен сум од обидот да се заташка само поради врските со ВМРО“: Филипче побара одговорност за насилството во Охрид

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library4vga89r95vis6Q7ERoC

Филипче: Зад владините бајки се кријат задолжувања и осиромашување на граѓаните

Слајдер | пред 3 дена

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања