Промени тема
Контакт

Филипче: Владата се шета по светот без резултат, а не сака да ги покачи платите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryah7dsge3lns32kJsvpK

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање остро ја критикуваше Владата, оценувајќи дека наместо да се фокусира на подобрување на животниот стандард на граѓаните, таа се занимава со, како што рече, бесцелни патувања без конкретни резултати, додека одбива да ги зголеми платите.

— реклама —

Филипче нагласи дека Владата мора да сфати оти нејзината основна улога е да разговара со синдикатите и со работниците и да одговори на нивните реални потреби, а не да ја игнорира нивната состојба. Според него, гласот на работниците и на синдикатите мора да биде слушнат, а причините за нивното незадоволство сериозно да се анализираат.

— реклама —
— реклама —

Тој посочи дека излегувањето на синдикатите на протест е јасен сигнал дека работниците се соочуваат со сериозни егзистенцијални проблеми. „Тоа се луѓе што не можат да врзат крај со крај, во услови кога платите се крајно ниски, најниски во регионот, нема никаков тренд на раст, а цените континуирано се зголемуваат“, изјави Филипче.

— реклама —

Притоа, тој потсети дека јавноста добро памети какви биле условите за работниците за време на владите предводени од СДСМ, кога, како што рече, и во услови на најголеми кризи платите континуирано растеле. Според Филипче, токму таквите политики биле доказ за вистинска грижа за работниците и за нивниот животен стандард, за разлика од актуелниот пристап на Владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

Филипче: Зарем мислите дека Фон дер Лајен не знае дека Мицкоски ги контролира медиумите?

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library9eo7mjh9rnt466BgeSB

Филипче: Се покажаа точни нашите укажувања за српското, унгарското влијание и кинеските пари

Македонија | пред 2 дена

media-librarylk1sn6p76e0k87kZ3Ut

Филипче: Нема да седам мирен кога е загрозена државата, Мицкоски се однесува душмански

Македонија | пред 2 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

Филипче со повик до пратениците за поддршка за зголемување на минималната плата на 600 евра

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања