Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Филков: Комората на вештаци стана функционална, обезбедуваме поголема транспарентност, независност и професионалност во процесот на вештачењето.

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
filkov-3

Министерот за правда Игор Филков и претседателот на Комората на вештаци, Виктор Камнар на денешната прес конференција соопштија дека со запишувањето на Комората на вештаци во Централен регистар се означува почетокот на една нова реформа во правосудниот систем.

— реклама —

„Една од моите први задачи кога стапив на функцијата ,министер за правда, беше Комората на вештаци да ја направиме да биде функционална. И тоа го сторивме за релативно краток период. На 25.10.2024 година со Решение на Централниот регистар на РСМ е запишана Комората на вештаци на РСМ во ЦРСМ со што дури после цели 8 години можеме да кажеме дека таа профункционира!

Ова е значаен исчекор бидејќи Комората предолго беше во процес на мирување лишувајќи го правниот систем од експертиза. Со ова ќе се решат и проблемите со кои, за жал, години наназад, се соочуваа вештаците,како во поглед на заштитата на своите интереси, особено со издавањето на лиценците и нивната важност, така и во поглед на можностите за унапредување на нивната работа. Сето тоа беше ускратено или ограничено заради фактот на непостоење на Комората како еснафско здружение на вештаците“, рече Филков.

— реклама —

Министерот Филков потенцираше дека е убеден дека ова институција ќе стане синоним за стручност и ќе придонесе кон поефикасно и фер функционирање на нашиот правосуден систем.

„Функционалната Комора на вештаци претставува клучен чекор кон подобрување на правниот систем и создавање силен механизам за контрола и поддршка на вештаците во Македонија . Комората ќе биде одговорна за лиценцирање, едукација и надзор на вештаците, во правец на јакнење на професионалните и етичките стандарди .Со ова, очекувам да се зголеми довербата во правосудниот систем како и перцепцијата за фер и објективни правни постапки,изјави Филков.

Претседателот на Комората на вештаци, Виктор Камнар смета дека со ова ќе се унапредат квалитативно сите судски вешти наоди со цел да го зголемиме квалитетот на сите управни и судски постапки.

„Следниот месец на сајтот на Министерството за правда ќе биде објавен јавниот повик за сите оние кои за прв пат ќе сакаат да станат вештаци, да ги достават своите документи , и она што е во надлежност на комората, организирање на обуки на сите идни вештаци во времетраење на 60 часа за да се овозможи добивање на лиценца”,рече Камнар.

Министерството за правда продолжува со поддршката на Комората во напорите за постојан професионален развој и унапредување на постапките.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryseefj96vaosf5uMGF7e

„Кодошат низ Брисел, по локалните ќе добиеме обвинители и судии кои работат според закон“ – Мицкоски со жестоки критики

Македонија | пред 2 месеци

alen

Мајка на починат 25-годишен скопјанец бара правда: „Ако нема правда, јас ќе пресудам“

Скопје | пред 3 месеци

filkovsd-2

Судскиот совет со нови правила – јасни критериуми и јавни постапки за избор и разрешување

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-21.12.20

Мицкоски за разрешувањето на Коцевски: Згрешивме што можеби малку не бевме од самиот почеток поагресивни

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања