Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Филков: Зголемување на казните за возачите кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
filkovsd-1

Министерството за правда смета дека постои сериозна потреба за понатамошно разгледување и анализа на постојната законска регулатива. Фокусирани сме на утврдување на можни измени и дополнувања во законите, кои ќе придонесат за значително зајакнување на безбедноста на патиштата.

— реклама —

Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање на јавната расправа ,,Анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста на сообраќајот“, посочи дека е потребно да се подобрат казнените одредби во однос на прекршителите, поткрепени со детална анализа на практиката на изрекување и спроведување на казните.

„При изготвувањето на измени на законската регулатива, особено во делот на санкциите, потребно е да се постави прашањето: „Дали казните за прекршувачите на сообраќајните правила се соодветни и доволно ригорозни за да имаат одвраќачки ефект?“. Ова ќе ни помогне да идентификуваме кои области е потребно да се засилат со нови законски мерки, како што се алкохолот, брзината, користењето мобилни телефони и други ризични фактори“, рече министерот Филков.

— реклама —

Дополнително,според министерот одредени сообраќајни прекршоци треба да бидат регулирани како кривични дела. Во таа насока, потребно е да се иницираат законски измени кои ќе ја прошират листата на кривични дела против безбедноста во сообраќајот. Ова не се однесува само на тешките кривични дела кои вклучуваат опасност за животот и имотот на луѓето, туку и на прекршоците како што е неукажувањето помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

„Зачестеноста на сообраќајните деликти со висок степен на општествена опасност, заедно со ниското ниво на сообраќајна култура во нашето општество, создаваат силна потреба за заострување на казнената политика. Ова ќе обезбеди ефективни санкции за прекршителите, кои ќе имаат одвраќачки ефект и ќе помогнат во намалувањето на сообраќајните несреќи и нивните тешки последици“, порача Филков.

Министерот информираше дека заедно со Министерството за внатрешни работи, судии од Одделот за прекршоци во Кривичниот суд Скопје и универзитетски професори, работат на интензивна имплементација на новите законски измени во Законот за прекршоците, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Новите измени и дополнувања во Законот за прекршоци ќе вклучуваат посебна постапка за прекршоци од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата, која ќе се однесува на прекршоците кои се детектирани преку електронски системи, како што е системот „безбеден град“ (safe city).

Овој систем ќе овозможи брзо и точно утврдување на прекршоците, со што ќе се намали бројот на несреќи и ќе се обезбеди побрза реакција на властите. Со оваа новина се предвидува кратки рокови за постапување пред судот, што ќе го забрза процесот на правдата.

За сторители кои по трет пат ќе се најдат на суд, а во случај на сериозни прекршувања, како што се возење под дејство на алкохол или прекумерна брзина, судот ќе изрече санкција која подразбира престанок на важење на возачката дозвола. Ова ќе значи дека возачот нема да може да стекне нова возачка дозвола додека не помине една година од правосилноста на пресудата.

Сите измени имаат за цел и се стремат да го намалат бројот на сообраќајните незгоди, особено оние кои резултираат со смртни последици, и да ги заштити животите на сите учесници во сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryseefj96vaosf5uMGF7e

„Кодошат низ Брисел, по локалните ќе добиеме обвинители и судии кои работат според закон“ – Мицкоски со жестоки критики

Македонија | пред 2 месеци

alen

Мајка на починат 25-годишен скопјанец бара правда: „Ако нема правда, јас ќе пресудам“

Скопје | пред 3 месеци

filkovsd-2

Судскиот совет со нови правила – јасни критериуми и јавни постапки за избор и разрешување

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-21.12.20

Мицкоски за разрешувањето на Коцевски: Згрешивме што можеби малку не бевме од самиот почеток поагресивни

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања