Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Финскиот претседател: Ниту една армија во Европа или САД не војува како украинската

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryq7o2707m595i3dsvL7r
screenshot x

Финскиот претседател Александар Стуб за време на официјалната посета на Прага порача дека европските сојузници треба да го сменат пристапот кон Украина и да почнат да ја гледаат како партнер од кој може да се учи, а не само како земја на која ѝ треба помош.

— реклама —

По средбата со чешкиот претседател Петр Павел, Стуб изјави дека Европа мора да излезе од, како што рече, „еднонасочниот“ начин на размислување, во кој Западот само дава, а Киев само прима.

— реклама —

Тој нагласи дека е потребно да се отвори прашањето како Украина може да придонесе за Европа, потенцирајќи ја неговата силна поддршка за членство на земјата во Европската Унија и НАТО.

Стуб особено ја истакна воената експертиза на Украина, оценувајќи дека нејзината армија стекнала искуство во модерно војување кое во моментов е без преседан во Европа, па дури и во САД. Според него, токму ова искуство веќе се користи и надвор од Европа, вклучително и на Блискиот Исток.

— реклама —

Во меѓувреме, украинската воена индустрија доживува технолошки напредок, особено во развојот на беспилотни летала, со што земјата станува водечки фактор во оваа област. Поради тоа, украински компании веќе ги нудат своите системи на држави од Заливот, кои бараат поефикасни и поевтини решенија за одбрана од напади со дронови.

— реклама —

Зголемен интерес за овие технологии покажуваат земји како Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, кои настојуваат да ја зајакнат својата одбрана по зачестените напади врз нивната инфраструктура.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5i4ruv9sol4u4eLfQaZ

Финска регистрирала напад врз руски воен брод во Балтичкото Море

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library1cs38a97ml0h9BPxEkx

Гнев во Финска откако Гугл незаконски исече 250.000 дрвја за изградба на центар за податоци

Свет | пред 4 седмици

finska

Финска бара професионален оценувач на мириси за 2.000 евра – условот е да има добар нос

Вирално | пред 1 месец

finska

Финска заврши со изградбата на 200 километри ограда на границата со Русија

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања