Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Фон дер Лајен: Клучниот енергетски правец мора да биде безбеден, потребно е решение преку преговори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
fon-der-lajen

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, повика на итно дипломатско решение за војната со Иран, нагласувајќи дека стабилноста на Блискиот Исток е од клучно значење за целиот свет.

— реклама —

Говорејќи во Канбера, Австралија, таа истакна дека единствениот одржлив излез од конфликтот е преку преговори и запирање на непријателствата.

„Од најголема важност е да се дојде до решение постигнато преку преговори, кое ќе стави крај на конфликтот што го гледаме на Блискиот Исток“, изјави фон дер Лајен.

— реклама —

Таа предупреди дека војната веќе има сериозни последици врз глобалната економија, особено преку растот на цените на енергенсите, што директно ги погодува економиите, компаниите и граѓаните.

— реклама —

Посебен акцент стави на Ормутскиот теснец, кој го опиша како клучен енергетски и трговски правец за снабдување со нафта и гас на глобално ниво.

Фон дер Лајен најави дека дел од земјите членки на Европската унија се подготвуваат да помогнат во обезбедување на овој стратешки коридор, откако ќе заврши конфликтот.

— реклама —

„Сите ги чувствуваме последиците – од цените на гасот и нафтата до влијанието врз нашите општества. Затоа овој правец мора да биде безбеден“, порача таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library3q7a9m4k7qm11JL8x6H

Лидерите на ЕУ без договор за буџетот од два билиони евра, преговорите продолжуваат во декември

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryoa5erbmlc0f318TAU6m

Нов трансфер за Украина: ЕУ ќе се задолжи, а заемот да се враќа од руската воена отштета

Свет | пред 1 ден

media-librarykm9th01d7d1vegx3ZEp

ЕУ го предупредува Трамп: Царините за европските стоки не смеат да надминат 15 отсто

Свет | пред 1 ден

EU-1

Лидерите на Западен Балкан денеска во Брисел на средба со Коста и фон дер Лајен – во фокус европската интеграција и безбедноста

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања