Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Формирана Анкетната комисија за утврдување на околностите за трагедијата во Кочани и другите несреќи и трагедии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-library5p5a80erjoigbXW4Eoo
ФБ

Со 84 пратеници „за“, без ниту еден против или воздржан, Собранието денеска ја изгласа иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ за формирање Анкетна комисија што ќе ги испита околностите поврзани со трагедијата во Кочани, како и со други несреќи и трагични настани што се случија во земјава во последните години.

Комисијата ќе има задача да утврди каде настанале пропусти во институциите, како функционирале надлежните служби во критичните моменти и дали имало пропусти во постапките за превенција и контрола.

— реклама —
— реклама —

Крајната цел, како што беше истакнато на расправата, е да се утврди одговорност каде што постои, но и да се предложат реформи за унапредување на системите што треба да ги штитат граѓаните од вакви трагедии во иднина.

— реклама —

Пратениците кои ја поддржаа иницијативата нагласија дека јавноста очекува транспарентна и сериозна анализа на причините за повеќекратните несреќи во земјата и дека формирањето на ваква комисија претставува чекор кон враќање на довербата во институциите.

Комисијата ќе започне со работа веднаш по конституирањето и изборот на претседател, членови и рокови за постапување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4iegonp54vdg9F3J0tH

Густ црн чад се издигна над Кочани: Изгореа автобуси, гаражи и канцелариски простории

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryk82p3pom8jj8bGCiQjx

Гетеборг и Кочани – две трагедии, 126 згаснати млади животи и заедничка болка

Македонија | пред 3 дена

Kocani-960x540-1

ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции во Кочани - Дом за стари лица, реконструкција на булевар и стипендии за студенти

Македонија | пред 1 седмица

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања