Промени тема
Контакт

(Фото) Доктор Сашко Кедев одликуван со Орден „8 Септември“ за медицински, алпинистички и државнички придонес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-library2evq2da6ev145rZ0TfQ
ФБ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва му го врачи Орденот „8 Септември“ на доктор Сашко Кедев, признавање што го добива поради неговото учество во процесите за независноста на државата, извонредните достигнувања во интервенционата кардиологија и редок, историски подвиг во алпинизмот.

Свеченоста се одржа во Македонската филхармонија, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, членови на Владата, градоначалници, академска заедница и бројни јавни личности. Претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека Кедев е личност „чиј личен и општествен интегритет одамна ја надминува неговата професионална област и се вградува во колективната меморија на државата“.

— реклама —

Најголемо внимание привлече неговото искачување на сите 14 највисоки врвови на планетата – подвиг кој ретко кој светски алпинист го има остварено. Кедев нагласи дека го доживува како национален успех:
„Силата ми ја даваше желбата да го поставам македонското знаме и македонското име на секој од тие врвови. Овој успех им го посветувам на сите граѓани и на сите Македонци, каде и да живеат.“

— реклама —

Притоа изрази и длабока благодарност за одликувањето, нагласувајќи дека, иако ги опфаќа различните сегменти од неговата професионална и лична биографија, го смета за награда што ја дели со своите колеги – тимот кој пред повеќе од три децении ја постави основата на интервенционата кардиологија во Македонија.

— реклама —

Во своето обраќање, Кедев испрати и лична порака: „Најважно е да го пронајдеме она што не го правиме поради крајната цел, туку поради внатрешната мотивација.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn91c8325mv4q3tPvcer

Кедев го напушти Советот на Алиу поради застој во откривање дали имало непотребни операции на срце заради профит

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
Screenshot-2025-06-22-at-11.17.02

Десет пациенти биле ставени „под нож“ за операции на срце без медицинска индикација, што друго открива Комисијата на МЗ

Македонија | пред 10 месеци

kedev-aliu

Доктор Кедев кај министерот Алиу: раскажал сѐ за непотребните кардиохируршки интервенции кај пациенти во приватните болници

Македонија | пред 1 година

Sasko-Kedev-i-Ganka-Cvetanova-1-bg-na

Иако не ја посочи, „Систина“ најави тужба против Кедев, Министерството со вонредни надзори

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања