Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Десет пациенти биле ставени „под нож“ за операции на срце без медицинска индикација, што друго открива Комисијата на МЗ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-06-22-at-11.17.02

Нов алармантен извештај на Комисијата формирана од Министерството за здравство го тресе македонското најчувствителниот сектор повторно. Од 25 пријавени случаи за сомнителни кардиолошки и кардиохируршки интервенции, десет пациенти биле оперирани или упатени на операција без оправдана медицинска индикација. Ова го утврди специјалната комисија што ја формираше Министерството за здравство по јавните обвинувања за злоупотреби во кардиохирургијата.

— реклама —

Контроверзите почнаа уште во август, кога кардиологот проф. д-р Сашко Кедев во гостување на „Канал 77“ предупреди дека во приватниот сектор се вршат непотребни операции на срце — исклучиво за профит. Министерот за здравство Азир Алиу веднаш по изјавата назначи интерна комисија, но таа одлучи да ги испита сите болници што вршат кардиохируршки интервенции — и приватни и државни.

Иако извештајот потврди дека дел од пациентите навистина биле погрешно водени, комисијата денеска не кажа во кои болници се случиле спорните операции. Не се откри ни дали интервенциите претставувале ризик по живот, ниту дали имало компликации, ниту колку чинеле за државниот буџет.

— реклама —

Претставниците на комисијата најавија дека следниот чекор е ангажирање тројца странски експерти, кои ќе ги разгледаат сите предмети пред да биде составен финален извештај.

„Досегашните наоди покажуваат неправилни упатувања и неправилно изведени операции. Ќе продолжиме да работиме по утврдената методологија“, изјави кардиологот д-р Ненси Лозанче.

Министерот Алиу нагласи дека ова е само прелиминарен документ и дека конечниот извештај ќе биде основа за креирање нови здравствени политики.

Комисијата започна со работа откако во Фондот за здравство пристигнаа 25 пријави од болници и физички лица за сомнителни интервенции поврзани со коронарни и периферни васкуларни болести. Од нив, 19 случаи биле анализирани, а шест се препратени до Државниот здравствен и санитарен инспекторат за понатамошна постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2evq2da6ev145rZ0TfQ

(Фото) Доктор Сашко Кедев одликуван со Орден „8 Септември“ за медицински, алпинистички и државнички придонес

Македонија | пред 1 месец

kedev-aliu

Доктор Кедев кај министерот Алиу: раскажал сѐ за непотребните кардиохируршки интервенции кај пациенти во приватните болници

Македонија | пред 4 месеци

Sasko-Kedev-i-Ganka-Cvetanova-1-bg-na

Иако не ја посочи, „Систина“ најави тужба против Кедев, Министерството со вонредни надзори

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања