Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Сашко Кедев влезе во Гинисовата книга на рекорди како највозрасен човек што ги искачил сите 14 врвови над 8.000 метри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 минути -

Македонија
media-libraryto8tae1evn6c1aIn97x

Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев доби место во Гинисовата книга на рекорди како највозрасната личност во светот што ги искачила сите 14 планински врвови повисоки од 8.000 метри.

— реклама —

Историскиот подвиг го завршил на 20 јули 2025 година, кога го освоил Гашербрум I, на возраст од 63 години и 14 дена, со што го комплетирал предизвикот за искачување на највисоките планини во светот.

Кедев е роден на 6 јули 1962 година, а зад себе го има и предизвикот „Седумте врвови“, односно искачувањето на највисоките точки на сите седум континенти. Овој подвиг го реализирал од 14 јануари 2008 година, кога го освоил Аконкагва во Јужна Америка, до 6 ноември 2011 година, кога го искачил Пункак Џаја, познат и како Пирамида Карстенц, во Океанија.

— реклама —

На листата од 14 врвови повисоки од 8.000 метри се Еверест, Манаслу, Дхаулагири I, К2, Брод Пик, Анапурна I, Нанга Парбат, Чо Оју, Макалу, Лхоце, Гашербрум II, Шиша Пангма, Канченџунга и Гашербрум I.

— реклама —

За неговите заслуги во медицината и историскиот алпинистички успех, Кедев во ноември минатата година беше одликуван со Орден „8 Септември“ од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

При доделувањето на признанието, Кедев истакна дека подвигот го смета за национален успех, посветен на сите Македонци.

— реклама —

„Тоа што ми даде сила беше токму тоа да го однесам македонското знаме и македонското име на сите врвови. Тој успех го посветувам на сите граѓани и сите Македонци каде и да се во светот“, порача Кедев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn91c8325mv4q3tPvcer

Кедев го напушти Советот на Алиу поради застој во откривање дали имало непотребни операции на срце заради профит

Македонија | пред 9 месеци

— реклама —
media-library2evq2da6ev145rZ0TfQ

(Фото) Доктор Сашко Кедев одликуван со Орден „8 Септември“ за медицински, алпинистички и државнички придонес

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-06-22-at-11.17.02

Десет пациенти биле ставени „под нож“ за операции на срце без медицинска индикација, што друго открива Комисијата на МЗ

Македонија | пред 1 година

kedev-aliu

Доктор Кедев кај министерот Алиу: раскажал сѐ за непотребните кардиохируршки интервенции кај пациенти во приватните болници

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања