Кардиологот и академик, Сашко Кедев, се повлекол од „здравствениот совет“ кој го формираше министерот за здравство Азир Алиу, за да се открие кој во Македонија оперира срце само за пари и без медицинска потреба.
ТВ Канал 5, повикувајќи се на извори во Министерството за здравство, објави дека причина за овој потег на Кедев е застојот што се случил во започнатите контролни процеси околу скандалот што го откри токму Кедев дека приватни болници во Македонија правеле тешки и скапи операции на срце кај пациенти на кои таквите зафати воопшто не им биле потребни.
За скандалот требаше да почне со работа и комисија составена од странски експерти, но Кедев и дел од комисијата се незадоволни од постапката.
Членови од комисијата, која ја формираше министерот за здравство реагираат дека во контролните процеси не се вклучени компетентни кадри со докажан стручен и професионален кредибилитет а избрани биле доктори интернисти и доктори од судка медицина. Не се знае кога и дали воопшто ќе почне со работа комисијата со странски експерти за разрешување на овој скандал кој ја шокираше јавноста.
Минатата година, Сашко Кедев во интервју обелодени дека кај пациенти кои биле на контрола било увидено дека не им била потребна тешка интервнција во приватна болница за што била потрешно голема сума на пари од Фондот за здравство. Ова било правено само за профит.
Министерот формираше која почна да ги истражува наодите на Кедев.
Истрагата се прошири и на државното и на приватното здравство, иако наводите на Кедев се однесуваа само на приватното. Првичните наоди беа дека од 25 кардиохируршки интервенции 10 се непотребни или со непотребно упатување.
Министерот за здравство се иште не ја потврди причината за повлекувањето на кардиологот Кедев.