„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Фото) Герасимовски: Нокаут и диџеј Јорданов приредија незаборавна журка, Боемска преполна со граѓани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Vecer-pod-zvezdite-27.12-10

Културната манифестација „Вечер под ѕвездите“, синоќа привлече голем број посетители, улицата Боемска беше преполна со граѓани од сите генерации - од намали до највозрасни кои се забавуваа заедно. Музичката група „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов, приредија незаборавна предновогодишна журка исполнета со многу позитивна енергија, пеење и танцување.

— реклама —

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски упатува огромна благодарност до граѓаните кои вчеравечер беа дел од предновогодишната магија кадешто сите во еден ритам и глас, здружени уживаа во познатите македонски хитови „Временска машина“, „Фатална опсесија“, „Самовила“, „1000 причини за крај“, „Лебедот бел“, „Телефонскиот број не постои“ и многу други.

— реклама —

„Беше навистина прекрасно да се види толку многу луѓе на Боемска кои се веселеа на добра македонска музика и во претпразнична атмосфера. Со овој настан ја потврдивме нашата цел - да создадеме поврзаност и да донесеме радост во Центар, во Скопје. На Скопје дефинитивно му се потребни повеќе манифестации. Продолжуваме и во иднина да организираме вакви концерти кои ќе го размрдаат градот и ќе создадат простор за забава, креативност и дружење на сите генерации. Се заблагодарувам на граѓаните кои синоќа беа дел од „Вечер под ѕвездите“ и им посакувам среќни и новогодишни празници. Се гледаме повторно на концерт!“, истакнува Герасимовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

gerasimovski

Герасимовски: Целосно го поддржувам протестот за УСЈЕ, мора да има ригорозни санкции

Скопје | пред 3 дена

media-libraryaaps13c74fdt1LUyQNR

Герасимовски: Дом за стари лица, нова градинка и зголемени субвенции за граѓаните, буџетски приоритети за Центар во 2026

Скопје | пред 3 дена

media-libraryh7cv0d0qhhib33nSzUy

Герасимовски: На Водно ја продолжуваме традицијата, бадниковите гранчиња нека донесат здравје, среќа и благосостојба

Македонија | пред 1 седмица

media-librarygnojo6sv865e3oaea8G

Герасимовски: Поставени сите уреди за мерење бучава – инспекциските служби вршат контроли на 30 локации во Центар

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања