Институтот за јавно здравје(ИЈЗ) вчера информираше дека е отстранет 10 тони опасен хемиски отпад што можел да предизвика хаварија.
Во рамки на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) повеќе од 10 години се чувале 10 тони опасен хемиски отпад, што можел да предизвика хаварија и претставувал голем ризик за здравјето на луѓето и безбедноста.
Како што кажа директорката на Институтот, Марија Андоновска, отпадот е безбедно отстранет и нема да остане во државата, туку ќе биде согорен надвор.
Се работи за исцедоци од лабораториски анализи, хемикалии од различен вид и во различна агрегатна состојба.
Според Андоновска, отпадот бил многу лесно испарлив и запалив, поради што и претставувал голема потенцијална опасност.
Директорката Андоновска на својот Фејсбук профил сподели фотографии складираниот отпад.