Промени тема
Контакт

(Фото) Огромен пожар во Шпанија: Загинаа млади лица, прогласена тридневна жалост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library63gjhdsgjcdndTxauMx
Илустрација

Пет лица загинаа, а четворица се полесно повредени во пожарот што избувна во петкатна станбена зграда во Манлеу, близу Барселона, објави весникот „El Pais“.

Се верува дека сите жртви биле млади лица, а можно е некои да биле и малолетници.

Пожарот бил пријавен синоќа во 21:10 часот, а избувнал во остава на покривот на зградата.

Пожарникарите испратиле 13 екипи на лице место, а огнот бил изгаснат во 21:41. Причината за пожарот засега не е позната.

Според известувањата, најмалку четири жртви се наоѓале во просторот каде избувнал пожарот и не успеале да избегаат поради причини што сè уште се утврдуваат.

— реклама —

Процесот на идентификација на телата ќе биде завршен денес.

— реклама —

Истражната единица „Mossos d’Esquadra“ покренала истрага за причините за пожарот.

Сите повредени лица добиле полесни повреди и не биле хоспитализирани.

Претседателот на каталонската влада, Салвадор Иља, изрази сочувство до семејствата на загинатите и посака брзо закрепнување на повредените, додека градоначалникот на Манлеу, Арнау Ровира, прогласи тридневна жалост.

— реклама —

Знамињата ќе бидат спуштени на половина копје, а минута молчење е закажана за вторник во 19 часот пред Градската куќа.

Според податоците на Цивилната заштита, три семејства се привремено сместени во хотел во Манлеу, додека останатите станари се вратиле во своите домови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylq01ndtm5edr9jAR4P9

(Видео) Невреме со поројни дождови во Шпанија: Загина маж, патиштата се претворија во реки

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryjldhhh6vv1h16Dk773V

Морето во Шпанија собори рекорди: Измерени над 33 степени

Патувања | пред 1 седмица

media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Крадци за само четири минути однеле златно богатство старо 3.000 години во Шпанија

Свет | пред 3 седмици

media-library2r3mh7quotgh5tpnTV7

Шпанија повторно во пламен: Изгореа 3.700 хектари, огнот создава огнени облаци

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања