Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Опасно свлечиште во Тетово, евакуирани се жители

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-library7bgk4d325u4q1IYREOp

Обилните врнежи што го зафатија западниот регион предизвикаа опасно свлечиште во тетовското село Шипковица, потврдуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пријавата пристигнала преку единствениот број за итни повици 112, а свлечиштето се појавило во среде населено место, директно загрозувајќи четири семејни домови.

— реклама —

Активиран е Кризниот штаб на Општина Тетово, а на терен се испратени екипи од ЦУК, СВР Тетово и градежните инспектори на општината. Жителите од непосредната зона добиле јасни насоки веднаш да ги напуштат своите домови поради ризик од нови движења на земјиштето.

— реклама —
— реклама —

Ситуација на другите критични локации

ЦУК информира дека обилните врнежи предизвикале проблеми и во источниот дел од земјата:

— реклама —
  • Патниот правец Делчево – Истибања е погоден од повеќекратни одрони, но екипите на ЈП Македонија пат интервенираат континуирано и сообраќајот се одвива без застои.

  • На патот кон селото Моштица во Македонска Каменица, по интервенција на ЈП Камена река, одронот е целосно исчистен и сообраќајот е нормализиран.

Од ЦУК апелираат граѓаните да бидат внимателни, да ги следат препораките на надлежните и да избегнуваат придвижени терени и патишта каде што постои ризик од нови одрони

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykcllr158e0d42v8Bf6i

По повеќечасовна потрага пронајден 62-годишниот планинар кој исчезна во Мариово

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 1 месец

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања