Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

(Фото) Само една мерна станица во Скопје покажува чист воздух

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
skopje-vodno-zagadeno-magla2

Сите мерни станици во Скопје утрово регистрираат екстремна загаденост на воздухот – состојба што граѓаните ја живеат речиси секоја зима. Највисоките вредности, според апликацијата „Мој воздух“, се измерени во централното градско подрачје, додека единствено релативно чист воздух има на врвот на Водно.

— реклама —

Изминативе денови Македонија се наоѓа на врвот од листата на држави со најзагаден воздух во Европа, а во одредени моменти и во светот, според рангирањата на платформата IQAir. Често, Струмица знае да го надмине и Скопје по загаденост.

— реклама —
media-library7fh7ngkm05iu1zQtpRz

Здравствените експерти препорачуваат граѓаните да го ограничат престојот на отворено, особено во утринските и вечерните часови кога загадувањето е најизразено. Се советува користење јавен превоз наместо лични возила, како и заедничко возење за намалување на емисиите.

Во домовите, граѓаните се повикуваат да не користат отпадни материјали за греење, како лакирано или обоено дрво, мебел, стиропор, пластика, гума и други синтетички материјали, чие согорување ослободува исклучително токсични честички. Посебен акцент се става и на правилна употреба и редовно одржување на печките, со користење суво и квалитетно гориво.

— реклама —

Во услови на екстремно загадување, се препорачува прозорците и вратите да останат затворени, а при неопходен престој на отворено да се користат заштитни маски од типот FFP2 или N95. Дополнително, се советува избегнување физички активности на отворено.

— реклама —

Придржувањето до овие мерки може значително да го намали внесот на штетни честички и да помогне во заштитата на здравјето, особено кај најранливите категории граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zagaden-vozduh

Италија со највисоко загадување со PM2.5 честички во Европа

Свет | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryg7q39tjcsj6d2pHFpjB

Бетон што дише смог: карбонизацијата кај Ректоратот открива колку е загадено Скопје, процес кој трае 100 години, се случил за 10

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryo6tg4qehn5qvcyX0unY

Граѓански марш пред Владата во сабота поради загадениот воздух

Скопје | пред 4 месеци

46521701_915943555271155_3005162628164091904_n

„Или ќе излеземе сите, или ќе не снема еден по еден“: „Стоп за Усје“ повторно на протест

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања