Промени тема
Контакт

(Фото) Срна си оди дома! Девојчето за кое се обедини цела Македонија е пуштена од болница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-03-16-at-09.36.40

Тригодишната Срна замина од болница, откако со помош на граѓаните се собраа средствата за лекување во приватната болница „Систина“. Мајката Васка Цветаноска-Панова се заблагодари на докторот Ристо Симеонов.

„Др Ристо Симеонов немам зборови да опишам колку сме ви благодарни! Затворивте едно поглавје од приказната на нашата Срна, и тоа успешно! Како родители решивме да не чекаме повеќе и да го олесниме нејзиното лекување. Целосно ви ја доверивме а вие целосно и се посветивте. Срна имаше класична отворена операција за отстранување на каменот, кој веќе беше тргнал надолу. Каменот голем, но мал за вашата стручност, грижа и топлина. Кога ме свикаа сестрите да одам во соба за будење, вие бевте до неа и ме пречекавте со насмевка. Во истиот момент ми падна камен од душава.

— реклама —

Медицинскиот персонал, вие мили тетки и дадички ни бевте ветер во грбот. Толку бевте внимателни и трпеливи кон Срна но и кон нас како родители.

Народе наш, благодарение на сите вас денес си ја носиме дома. Но повторно ќе се вратиме тука, следат контроли и нови испитувања. Среќна сум што имаме каде и има кој...“, вели Васка Цветаноска-Панова.

— реклама —

— реклама —
Screenshot-2024-03-07-at-09.21.01

Приказната за Срна (3) ја обиколи Македонија: секоја нова сепса ја прави послаба и ја уништува, потребна е итна помош

Срна има 3 години. Во октомври 2023 развива сепса како последица на уринарна инфекција што преоѓа во тешка форма на пиелонефрит и остава трајни оштетувања на левиот бубрег. По лекувањето се открива хидронефроза и камен од 11мм во левото бубреже. Додека семејството се бори со административните процедури за лекување надвор од Државна клиника, Срна добива нова сепса. Моментално е хоспитализирана во Систина каде што постои можност за нови испитувања, оперативно лекување и нејзино целосно опоравување

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

doktor

Македонското здравство на дното во Европа, се наоѓаме меѓу најлошо рангираните

Македонија | пред 3 месеци

— реклама —
bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

Хаос во јавното здравство: 1.822 тужби за неисплатени дежурства, ноќни смени и прекувремена работа

Македонија | пред 3 месеци

media-library2reqo5k0mgkq1taD7Dy

Алиу: Реновираните операциони сали се значаен исчекор во унапредување на здравствената инфраструктура во ГОБ „8 Септември“

Македонија | пред 4 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-7410PM

Нема недостиг од лекови и терапија на Клиниката за хематологија, тврди Министерството

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања