Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

(Фото) Стар парк во Кочани можна локација за меморијал центар за 63-те жртви од „Пулс“, идејата е да се изгради патека на бесконечноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library4097e5t1147h6PuE8ww

Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“ поднесе официјална граѓанска иницијатива до Општина Кочани со барање да се определи локација за изградба на спомен-обележје во чест на жртвите од трагедијата што ја одбележа 2025 година. По разгледувањето на иницијативата, Советот на Општина Кочани побара локалната самоуправа да организира јавна трибина, на која граѓаните, а особено жителите што живеат во непосредна близина на предложената локација, ќе можат јавно да го изнесат своето мислење.

Во таа насока, Општина Кочани закажа јавна трибина за 12 јануари 2026 година, со почеток во 17 часот, во големата сала на Мултикултурниот центар. На настанот, граѓаните ќе можат да се произнесат по однос на поднесената иницијатива за поставување спомен-обележје на локацијата Стар парк во Кочани, поточно на триаголниот простор меѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на револуцијата“.

— реклама —
media-libraryqce4i6ortavb8VCfkeo

Покрај непосредното учество на јавната трибина, од 2 до 11 јануари 2026 година ќе биде овозможено и електронско изјаснување на граѓаните преку дигиталната алатка мЗаедница, со цел да се овозможи поширока и подостапна јавна консултација. Собраните мислења, предлози и забелешки, како од јавната трибина така и од електронската анкета, Советот на Општина Кочани ќе ги земе предвид при донесувањето на конечната одлука за поднесеното барање.

Во рамки на иницијативата, Здружението „16 март 2025 – Кочани“ го претстави и идејното решение за спомен-обележјето, под наслов „Патека на бесконечноста за 63-те ангели“. Според објавениот концепт, меморијалниот простор е замислен како мирна и ненаметлива целина, без масивни бетонски конструкции, со фокус на тишина, достоинство и човечка мера.

— реклама —

Централниот елемент на решението е пешачка патека во форма на бесконечност, изведена од природен камен или бел мермер, со благо извивање и без остри агли, наменета за бавно движење и личен момент на размисла. Покрај патеката се предвидени седум мермерни плочи, на кои ќе бидат врежани вкупно 63 имиња со години на раѓање, распоредени едноставно и без визуелна натрупаност.

Проектот предвидува дискретно ноќно осветлување од подлогата, со топла светлина која ненаметливо ги следи патеката и имињата, како и уреден централен простор за оставање цвеќе и кратка тишина. Во еден од мирните агли е замислена и фонтана со скулптура на Богородица, како симбол на утеха и молитва, со тивок шум на вода и без доминантно присуство.

Од Здружението истакнуваат дека зеленилото на Стариот парк би било целосно зачувано, без огради и без ограничувања, со цел просторот да остане отворен и достапен за сите – место за тивка почит, за прашања, за сеќавање и за незаборавање. Според нив, не станува збор за споменик што се набљудува, туку за споменик што се чувствува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kocani-puls-protest-4

„Не забораваме, не отстапуваме“: На 6 јуни ќе се одржи 45. Марш на ангелите

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library0vbqr9m0c94c8ma6P8m

Родителите на загинатите во „Пулс“: Не бараме пресуда на улица, бараме правда во судница

Македонија | пред 6 дена

Screenshot-2024-12-09-at-22.33.10

Лиценца за друг објект и друга локација: Туфегџиќ ја оспорува теоријата за „верижна одговорност“ за „Пулс“

Коментари | пред 1 седмица

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“, презентирани се нови докази за лиценци и елаборати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања