Промени тема
Контакт

(ФОТО) Трамп јавно ги сподели пораките од Макрон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
makron

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави снимки од екранот од наводни пораки кои му ги испратил францускиот претседател Емануел Макрон преку апликацијата за размена на пораки „Сигнал“.

Во пораките, како што пренесува францускиот весник „Фигаро“, Макрон му напишал на Трамп дека не разбира што прави во врска со Гренланд. Во исто време, францускиот претседател навестил можност за организирање состанок во Париз во четврток попладне, по завршувањето на форумот во Давос, во формат на Г7.

— реклама —

Според содржината на пораките, Макрон предложил на маргините на состанокот да бидат поканети и претставници на Украина, Данска, Сирија и Русија, со цел разговори за пошироки меѓународни прашања.

— реклама —

На истите снимки од екранот се гледа и покана од Макрон до Трамп за вечера во Париз во четврток. Одговорот на американскиот претседател не е прикажан во објавените пораки.

— реклама —

Објавата на Трамп предизвика силни реакции во јавноста и повторно ги отвори прашањата за односите меѓу Вашингтон и Париз, како и за чувствителните теми поврзани со Гренланд и геополитичките тензии.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

makron-tramp

Макрон од францускиот архипелаг крај Канада му одговори на Трамп: „Ова е француско“

Свет | пред 2 дена

— реклама —
makron

Макрон бара состанок на Г7: Ќе се разговара за енергијата поради растот на цените на горивата

Свет | пред 3 дена

makron

Макрон: Европа е под удар на руски хибридни напади

Свет | пред 3 дена

f6a64cca-dacf-4f97-9278-26c69418ee3c

Макрон: Европа и Франција се соочуваат со засилени руски хибридни закани

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања