Промени тема
Контакт

Франција протера руска новинарка поради наводно ширење дезинформации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
361724

Француските власти ѝ наредија на руската новинарка Ксенија Фјодорова да ја напушти земјата поради обвинувања дека преку француски телевизии и радиостаници ширела ставови блиски до Кремљ, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.

Според телевизијата France 24, одлуката за протерување следувала по предупредувања од експерти за дезинформации за влијанието на поранешната директорка на францускиот огранок на рускиот државен медиум RT France, кој беше забранет во Франција по почетокот на војната во Украина.

Францускиот весник Libération објави дека во решението за протерување се наведува оти Фјодорова дејствувала „како канал за кампањи на дезинформации организирани од руските власти“, со цел „дестабилизација на јавниот ред“ во Франција.

— реклама —

Иако RT France беше затворен во 2023 година, Фјодорова продолжила да настапува како коментаторка на телевизискиот канал CNews и радиото Europe 1, а пишувала и колумни за весникот Le Journal du Dimanche.

Нејзините критичари тврдат дека во своите јавни настапи пренесувала ставови блиски до Кремљ за војната во Украина и односите меѓу Русија и Западот.

— реклама —

Адвокатот на Фјодорова, Емануел Пивница, најави дека неговата клиентка веднаш ќе поднесе жалба на одлуката за протерување.

— реклама —

„Ксенија Фјодорова е новинарка. Оваа одлука претставува сериозен напад врз слободата на изразување на професионалец кој секогаш ја извршувал својата работа на најкоректен начин“, изјави тој.

Фјодорова ги отфрли обвинувањата дека била канал за ширење на ставовите на Кремљ во француските медиуми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9361j74v29b76UxTKKr

(Видео) Киев продолжува со удари врз руската енергетика, погодена рафинеријата во Самара

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Тројца загинати во руските напади врз Дњепар, речиси 100.000 потрошувачи останаа без струја

Свет | пред 5 часа

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Партијата на Путин со убедливо водство на парламентарните избори во Русија

Свет | пред 1 ден

media-libraryabpnnkvkudne1DUDhMZ

Москва пријави илјадници сајбер-напади за време на парламентарните избори

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања