Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија?

Во живо „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Франција ѝ се извини на Америка: „Жалиме“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
makron-tramp

Франција изрази жалење поради објавата на својата постојана мисија при ОН во Женева, со која во јули беа упатени критики кон САД во врска со нивната посветеност на човековите права. Потегот предизвика дипломатски спор меѓу Париз и Вашингтон и го одложи пристигнувањето на новиот француски амбасадор во САД.

„Постојаната мисија на Франција при ОН во Женева жали поради пораката објавена на 25 јули на платформата Икс, со која беше доведена во прашање посветеноста на САД кон човековите права“, се наведува во соопштението на француската мисија.

— реклама —

Од Париз појаснија дека разликата во ставовите со Вашингтон се однесувала на едно гласање, а не на самата заштита на човековите права.

— реклама —

Француската мисија претходно ги критикуваше САД затоа што заедно со Русија и Северна Кореја гласале против продолжувањето на мандатот на високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк. По критиките, американскиот претставник ја напуштил седницата на Советот за човекови права додека зборувал претставникот на Франција.

Според дипломатски извори, Вашингтон размислувал и да го блокира именувањето на новиот француски амбасадор во САД. Француското жалење сега би можело да го отвори патот за одобрување на именувањето на Орелиен Лешевалие.

— реклама —

Лешевалие, поранешен советник во Елисејската палата, моментално е шеф на кабинетот на францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро. Париз планирал тој да ја преземе амбасадорската функција во Вашингтон до септември.

Спорот меѓу двете земји започна по гласањето во Генералното собрание на ОН, кога САД беа меѓу десетте држави кои гласаа против продолжување на четиригодишниот мандат на Турк. По гласањето, француската мисија на Икс напиша дека САД „некогаш биле светилник на човековите права, но дека повеќе не се“.

Американскиот амбасадор при ОН, Мајк Волц, одговори дека Франција со критиките се обидува да го одвлече вниманието од својата поддршка за Турк, оценувајќи го потегот како „разочарувачки, иако не и изненадувачки“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryulcgkm0d9us934OuC9W

Француската влада најави реформи во образованието по пет недели протести

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-librarycadgrn7r0d7a1k4bo8e

Макрон призна: Не очекувавме толкави протести и немири во Франција

Свет | пред 2 дена

media-library1t2osmc3fu5k9vbQEFi

Едно лице загина, петмина повредени во вооружен напад во близина на Париз

Свет | пред 3 дена

media-libraryulcgkm0d9us934OuC9W

Франција се соочува со нов бран протести, владините мерки не ги задоволуваат синдикатите

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања