Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Франција за првпат активира кризен план поради екстремните горештини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
toplo-vreme-768x556

Француската влада денеска првпат ќе го активира националниот кризен план ОРСЕК како одговор на екстремниот топлотен бран што ја зафати земјата. Мерката ќе се применува во сите департмани каде што е прогласен највисокиот, црвен степен на тревога поради високите температури.

— реклама —

Владината портпаролка Мод Брежон соопшти дека ќе бидат отворени разладни центри за згрижување на најранливите категории граѓани, со цел да се намалат последиците од екстремните горештини.

Кризниот план, претставен на 2 јули, предвидува координирана акција на сите јавни служби во услови на екстремно високи температури. Во рамки на мерките ќе бидат ангажирани дополнителни ресурси, а посебно внимание ќе им се посвети на лицата кои живеат сами и се во изолација.

— реклама —

Според најновите информации од француската метеоролошка служба „Метео Франс“, од денеска напладне девет департмани во западниот дел на земјата ќе бидат под црвен степен на тревога, додека во уште 72 е во сила портокалов степен на предупредување.

— реклама —

Метеоролозите очекуваат топлотниот бран, кој трае од 4 јули, да продолжи најмалку до вторник, а од недела повторно се прогнозира дополнително зголемување на температурите.

Долготрајните горештини придонесоа и за зголемен број шумски пожари. Само во првата седмица од јули изгореле 9.921 хектар земјиште, што е речиси трипати повеќе во споредба со истиот период минатата година.

— реклама —

Поради високиот ризик од пожари, француските власти откажаа и повеќе огномети планирани по повод Денот на падот на Бастилја, меѓу кои и во департманите Еро и Ванде.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq6cuukg08r04b9uIbnX

Контејнери пред училиштата и факултетите: Продолжуваат протестите во Франција, полицијата ги засилува контролите

Свет | пред 5 часа

— реклама —
media-librarykvfcfma73hecd55kTgK

(Видео) Демонстрантите во Франција ја распарчија „главата“ на Макрон – се разлетаа конфети и лажни банкноти

Свет | пред 21 час

media-library8rc112e7sd9bc5UPpff

(Видео) Полицаец се запали среде протести во Франција: Демонстрант го нападна со молотов коктел

Свет | пред 1 ден

media-libraryf8k1v5j6u4rq4TZVGKP

Париз се подготвува за нови протести: Забранети маршеви низ центарот, распоредени 70.000 полицајци, воведен полициски час

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања