Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Францускиот министер: Ако ЕУ сериозно мисли на одбраната, треба да престане да купува делови од САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-libraryp3k4mm010msrel68ZfF

Францускиот министер за високо образование и истражување, Филип Батист, денеска изјави дека ако Европската унија сериозно сака да го зајакне своето одбранбено присуство, првиот чекор е да престане со набавка на неевропски воени производи преку воведување на „Закон за купување европско“.

— реклама —

Батист нагласи дека ЕУ во голема мера се потпира на американски ракети, борбени авиони и високотехнолошки одбранбени системи, како и на услугите на SpaceX на Илон Маск за лансирање на клучни сателити, вклучувајќи го и системот Galileo кој овозможува независни европски локализациски услуги.

— реклама —

„Светот се драстично промени и нашиот главен сојузник стана многу непредвидлив“, рече Баптист, алудирајќи на политиката на американскиот претседател Доналд Трамп и повиците за поголема автономија на глобално ниво. Тој истакна дека ЕУ мора да развива европски сателитски констелации без зависност од американски технологии и без можност за „исклучување“ од страна на трети страни.

— реклама —

„Првиот чекор е закон за купување европско. Престанете да купувате готови делови кои не се европски“, рече Батист, потсетувајќи на случајот со Украина кога Маск ја ограничил услугата Starlink, што го оневозможило дел од киевската офанзива.

— реклама —

Тој додаде дека напорите треба да бидат координирани на ниво на ЕУ, бидејќи нема смисла поединечни земји како Франција, Германија или Италија да развиваат сопствени системи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

(Видео) Трамп: Путин би можел да биде многу построг кон Украина

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-library8oevanl13omg48SzcoG

Три американски носачи на авиони ќе бидат распоредени на Блискиот Исток

Свет | пред 1 ден

media-libraryfa2qql95l9vt2IpFRBd

Вашингтон ги менува плановите: Помалку американски војници ќе ја напуштат Европа

Свет | пред 1 ден

media-librarygv0ohdt3a3m0bLBmQPl

Сајбернапад или технички дефекти? Прекините на „Мајкрософт“ и приземјувањето на авионите ја вознемирија јавноста

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања