Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Француските супермаркети користат вештачка интелигенција за сузбивање кражби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
Glavna-fotka-1

Илјадници француски супермаркети започнаа со користење на вештачка интелигенција за сузбивање кражби, при што софтверот во реално време ги анализира движењата на купувачите за да открие сомнително однесување. Додека трговците тврдат дека оваа технологија значително ги намалила загубите, истовремено се отвораат сериозни прашања за приватноста и транспарентноста, бидејќи нејзината употреба во голема мера не е регулирана, пишува Euronews.

Софтверот ги анализира снимките од надзорните камери во продавницата. Кога алгоритамот забележи сомнителни гестови, на пример ставање артикл во торба или повторувано допирање на производ без да се скенира на касата, автоматски испраќа кратка видеоснимка на персоналот на продавницата.

— реклама —

„Така добиваме предупредување. Понекогаш може да се работи за едноставен, па дури и двосмислен гест. Сепак, системот најдобро ги препознава обидите за сокривање на производи, на пример кога рацете се движат кон торбите“, вели Нелсон Лопес, раководител на супермаркет во Монтреил. „Кога доаѓа до такво предупредување, сите сме претпазливи и го следиме видеото од камерите“, додава тој.

Сопственикот на супермаркетот Арул Џудсон вели дека во првата година без вештачка интелигенција изгубил речиси 60.000 евра, а сега загубите се приближно преполовени. Во меѓувреме, аптека во Париз плаќа 200 евра месечно за надградба на своите камери со вештачка интелигенција, со што годишно заштедува околу 4.000 евра и избегнува трошоци за ангажирање на чувари.

— реклама —

Употребата на оваа технологија моментално се наоѓа во правна сива зона. Франција нема посебен закон кој го дозволува бихевиоралниот надзор со вештачка интелигенција во комерцијални простории, а продавниците не се должни да ги информираат купувачите за нејзината употреба.

— реклама —

Француското тело за заштита на податоците CNIL јасно соопштило дека ваквите камери масовно ги анализираат личните податоци и дека нивната комерцијална употреба е забранета без посебен законски рамки. И покрај тоа, францускиот софтверски стартап Veesion опремил помеѓу 2.000 и 3.000 продавници низ Франција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryf60ounp7vfpt54rU6kP

Топлотниот бран ја поскапува електричната енергија за 20 отсто, француските нуклеарки го намалуваат производството

Свет | пред 1 ден

media-library8iekmmmqemhn4fRaQMe

Медузи ја прекинаа работата на три нуклеарни реактори во Франција

Свет | пред 1 ден

media-libraryqth82vev47eg7E5Ah3k

Шумските пожари повторно беснеат во Франција: Речиси 200.000 луѓе би можеле да бидат евакуирани

Свет | пред 2 дена

media-library041t09pgms77eY1Ga2Q

(Видео) Наместо хамбургер – Subway Surfers: Деца во Франција го „хакнаа“ терминалот за нарачки на Мекдоналдс

Вирално | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања