Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ФЗОМ: Расте бројот на пациенти и вложувањата во болниците, здравствениот систем стабилен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryllminbk0dlkg6xPdPSE

Фонд за здравствено осигурување на Република Македонија денеска презентираше анализа за болничкото лекување во периодот 2023–2025 година, според која здравствениот систем бележи раст на бројот на пациенти, зголемени вложувања и подобрување на дел од болничките услуги низ државата.

На прес-конференцијата, генералниот директор Сашо Клековски и заменик-директорот Седат Бислими ги презентираа клучните наоди од аналитичкиот извештај.

Според податоците, во 2025 година биле лекувани 194.230 пациенти, додека договорните буџети за болничко лекување за две години се зголемиле за 24 проценти.

— реклама —

Кај универзитетските клиники е регистриран уште поголем раст, при што буџетите се зголемени за 33 проценти.

— реклама —

Анализата покажува и намалување на кардиоваскуларните хоспитализации за 2,9 проценти, додека девет од дванаесет регионални болници бележат подобрување на индексот CMI, кој ја мери сложеноста на случаите што се третираат.

Од Фондот посочуваат дека сè повеќе сложени медицински случаи се лекуваат и надвор од Скопје, што, според нив, укажува на постепено јакнење на регионалните болници и подобар пристап до здравствени услуги за граѓаните низ државата.

— реклама —

Во извештајот се оценува дека здравствениот систем останува стабилен, со позитивни трендови во болничкото лекување и постепено подобрување на условите за пациентите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryfp9c7i8tjf1e0Qdubqs

По реакциите на мајките, ФЗОМ: Исплатите се вршат континуирано, доцнењата најчесто се поради документација

Македонија | пред 2 седмици

fzom_8

ФЗОМ: Над 560 милиони денари исплатени за надоместоци за боледување во Јули

Македонија | пред 2 седмици

media-librarydnd6jav3al6o0kOZTgR

Лекот „Фостер“ од 1 август без доплата, „Ксарелто“ со партиципација од 160 денари од јануари, најави Клековски

Македонија | пред 1 месец

lekari-715x420

ФЗОМ најави ново покачување на платите во здравството од март

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања