Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Гасот во Европа поскапе за 171 отсто од почетокот на годината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP
фото: unsplash

Цената на природниот гас на европскиот пазар од почетокот на годинава пораснала за 171 отсто, покажуваат податоците од стоковите берзи. Референтниот холандски TTF гас на крајот на неделата достигнал 76,36 евра за мегават-час.

— реклама —

Значителен раст на цените е забележан и во Велика Британија, каде што гасот поскапел за 159 отсто. Мазутот на американската берза ја зголемил цената за 115 отсто, додека бензинот поскапел за 94 отсто.

— реклама —

Нафтата „Брент“ во петокот се тргувала за 102,7 долари за барел, што е раст од 69 отсто од почетокот на годината. Американската нафта WTI достигнала 91,26 долари, со раст од 59 отсто. Цената на јагленот пораснала за 39 отсто.

Сепак, цената на нафтата во петокот се намалила откако земјите од Г7, преку Меѓународната агенција за енергија, најавиле пуштање на 100 милиони барели дизел и други резерви на пазарот.

— реклама —

Цените претходно нагло пораснале откако Кина го прекинала извозот на гориво, а дополнително се зголемиле тензиите меѓу САД и Иран.

Според специјализираниот портал EnergyNow, проблемот веќе не е само во суровата нафта, туку и во достапноста на готовите нафтени деривати. Прекините во работата на рафинериите на Блискиот Исток и во Русија ја намалиле понудата на дизел и други горива, создавајќи дополнителен притисок врз цените.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhvm3g4jisu4n9kiI4UJ

Објавена листата на најопседнати градови во светот – на врвот е европска престолнина

Вирално | пред 3 дена

— реклама —
market-pari

Европа сè позагрижена за животниот стандард, незадоволството расте: Довербата на потрошувачите на петмесечно дно

Свет | пред 3 дена

media-library99hbr3gnm187a7zZfX2

Над 50.000 жртви од горештините во Европа, летото 2026 најсмртоносно досега

Свет | пред 3 дена

gradeznistvo-1024x448

Младите во Европа сè потешко до сопствен дом: Цените на становите пораснале за 60,5 отсто

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања