Промени тема
Контакт

Герасимовски: Центар е единствена општина што обезбедува пелени и хигиенски производи за децата во градинките

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
WhatsApp-Image-2024-12-10-at-12.41.51_73dad213

„Остануваме прва и единствена општина во Македонија која обезбедува пелени и хигиенски средства за децата во градинките. Целосно ги покриваме потребите на секое дете, а родителите се ослободени од дополнителни трошоци. Продолжуваме да инвестираме во квалитетно образование, грижа и инфраструктура на градинките, за да создадеме сигурна и здрава средина за нашите најмлади”, порача градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски за време на посетата на ЈУДГ „Раде Јовчевски – Корчагин.

Герасимовски, во рамките на посетата, имаше можност да се запознае со тековните активности и програмите за подобрување на воспитно образовниот процес во градинката.

Директорката на градинката Елена Устамитова информираше за работата и потребите на градинката. Таа истакна дека, покрај реализирањето на бројни активности за децата – како што се учење странски јазици, компјутерска обука, ритмичко-спортска и културна програма, во континуитет се работи на подобрување на условите и воведување нови иновативни пристапи за развој на најмладите.

— реклама —

Устамитова порача дека секоја поддршка од општината е добредојдена во претшколските установи.

— реклама —

„Пелените, влажните марамчиња, течните сапуни и средствата за дезинфекција не само што ги подобруваат хигиенските услови во градинката, туку претставуваат и значително олеснување за семејниот буџет на нашите корисници“, посочи директорката Устамитова.

За Герасимовски ова е пракса која би требало да ја следат и останатите општини.

— реклама —

„Во услови кога секој ден носи нови потешкотии, важноста на заедничката грижа за децата и семејствата никогаш не била поголема“, додаде Герасимовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr5rdqa2726hc5yzB51l

Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар; ЗНАМ и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryul882s127qtf02ptL4l

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти – новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 квадратни метри

Скопје | пред 2 месеци

media-librarymc1ksp3enni63wwGx7x

Герасимовски: Пријавете се на ГИС порталот, брзи дигитални услуги и информации за Општина Центар

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryilp2btmjqett64HqGbS

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта, повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања