Промени тема
Контакт

Герасимовски: Да бидеме мудри по примерот на Глигоров во сите предизвици кои ни следат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
gerasimovski1-1

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска на свечена церемонија ја откри спомен бистата на Киро Глигоров, поставена во дворот на училиштето кое го носи името на првиот претседател на Република Македонија.

На свеченоста градоначалникот Герасимовски заедно со директорката Билјана Билбиловска истакнаа дека со ова спомен обележје поставено во училишниот двор меѓу младите генерации, се продолжува патот на големиот државник Киро Глигоров.

„Оваа биста, за нас Центарци е многу повеќе од обичен споменик. Таа е потсетник дека сме на вистинскиот пат. На патот кој го трасираше Киро Глигоров. Убеден сум дека претседателот Глигоров би се гордеел со ова модерно и современо училиште кое го носи неговото име. Нашите деца заслужуваат вакви училишта со највисоки стандарди, рамо до рамо со европските, а сепак наши автентични македонски“, истакна во својот говор градоначалникот Герасимовски.

— реклама —

На церемонијата присуствуваше и претседателот на СДСМ д-р Венко Филипче кој изјави дека „Ние како генерација сме обврзани да ја продолжиме неговата визија за напредна демократска Македонија, да ги надминеме сегашните предизвици и да изградиме подобра иднина за сите наши граѓани”

— реклама —

На настанот беа доделени и благодарници на градоначалникот Горан Герасимовски, раководителот на јавни дејности Јагода Јанковска и родителите кои помогнаа во реализација на оваа иницијатива.

„Сега, кога живееме во слободна, самостојна и назависна Македонија, имаме одговорност и обврска да го зачуваме тоа што е со мака стекнато. Да бидеме разумни и мудри, по примерот на Глигоров. Да мислиме на нашите млади, да ја градиме нашата иднина преку вложувања во образованието и напредокот, бидејќи само така ќе имаме држава што е за почит. Цврсто верувам дека овие млади луѓе кои се овде со нас ќе ја остварат визијата на Глигоров за успешна и просперитетна Македонија, затоа да им помогнеме да го продолжат неговото дело“, изјави Геарсимовски.

— реклама —

Бистата која е поставена во дворот на училиштето е дело на Дарко Дуковски, родител на ученик од училиштето Киро Глигоров.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr5rdqa2726hc5yzB51l

Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар; ЗНАМ и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryul882s127qtf02ptL4l

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти – новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 квадратни метри

Скопје | пред 2 месеци

media-librarymc1ksp3enni63wwGx7x

Герасимовски: Пријавете се на ГИС порталот, брзи дигитални услуги и информации за Општина Центар

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryilp2btmjqett64HqGbS

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта, повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања