Промени тема
Контакт

Герасимовски: Ја охрабрувам Владата и градот да го разгледаат Законот за комунална полиција, тој е решение за проблемите во општините

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во гостувањето во Топ Тема ја истакна потребата од воведување комунална полиција која ќе се грижи за комуналниот ред, чистотата и зачувувањето на животната средина.

Со воведување на комуналните полицајци ќе се решат многу проблеми со кои се соочуваме како општини, вклучувајќи го и Градот, смета Герасимовски.

„Од претходниот скопски градоначалник имаме подготвено и предлог закон за комунална полиција на Град Скопје, односно работна верзија, која беше доставена до одредени министерства што треба да се вклучат во делот на самиот закон и да помогнат во оформување на ваквото тело, без коешто не може да функционира еден град“, рече Герасимовски

— реклама —

Тој ја повика Владата да се охрабри и да го донесе овој закон, по примерот на повеќето градови во соседството, како што се Белград, Тирана, Подгорица итн.

— реклама —

„Еве примерот со Белград, каде проектот стартуваше во 2010, а во 2016 комуналната полиција станува и Секретаријат за комунална полиција, со следниве обврски: да дава предупредување и наредба, да бара идентификација и да лишува од слобода, привремено да отстранува возила од сообраќај, да се грижи за јавни простори и да спречува питачење, одржување на хигиената, да контролира градилишта и спречува дивоградби, дури и бучавата е под нивна капа", истакна Герасимовски.

Тој апелираше до политичките партии се однесуваат одговорно и да покажат зедништво да што е можно побрзо да се реши овој горлив проблем со кој се соочуваат локалните самоуправи.

— реклама —

,,Сигурен сум дека со вакво претпријатие и со негово функционирање можеби не целосно, но во поголем дел ќе се решат проблеми со кои се соочуваме како општини“ рече Герасимовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr5rdqa2726hc5yzB51l

Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар; ЗНАМ и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryul882s127qtf02ptL4l

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти – новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 квадратни метри

Скопје | пред 2 месеци

media-librarymc1ksp3enni63wwGx7x

Герасимовски: Пријавете се на ГИС порталот, брзи дигитални услуги и информации за Општина Центар

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryilp2btmjqett64HqGbS

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта, повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања