Промени тема
Контакт

Герасимовски: Нови кабинети, подобри услови и инклузивен пристап во ООУ „Кочо Рацин“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
WhatsApp-Image-2024-12-11-at-12.54.43_ef5969b0

Во присуство на градоначалникот Горан Герасимовски, во ООУ „Кочо Рацин“ беа пуштени во употреба целосно реновираните кабинети за физика, хемија, германски јазик, музичко и ликовно образование. Овој проект, финансиран од Министерството за образование и наука, вклучува целосна реконструкција на најстариот дел од училиштето. Обновени се подовите, електричните и водоводните инсталации, како и плафоните и ѕидовите.

Поставени се смарт табли, реновирани се тоалетите, а наставниците добија нови простории за работа.

— реклама —

„Со последните реконструкции училиштето доби модерен и инклузивен лик. Да потсетам дека учебната година ја започнавме со целосно реновирана фискултурна сала, со нов висококвалитетен паркет, санирани реквизити, нови кошови. Целата реконструкција не чинеше 5 милиони денари од општинскиот буџет, а поставена е и пристапна рампа пред училиштето за ученици со попреченост“, истакна Герасимовски, по повод благодарницата која му ја додели директораката на училиштето Гордана Јаневска во чест на сето она што општината го има овозможено за училиштето.

Дополнително, ООУ „Кочо Рацин“ деновиве е домаќин на збратименото училиште „Вук Караџиќ“ од Белград, Србија. Посетата вклучува заеднички активности од двете училишта – спортски игри, културни настани и дружби.

— реклама —

— реклама —

Учениците ќе имаат можност да се запознаат со културните и образовните разлики, а наставниците ќе ги разменат своите методи и пристапи за ефикасен наставен процес.

Оваа иницијатива е важен чекор за зајакнување на меѓусебната соработка и изградба на нови пријателства и контакти помеѓу младите генерации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr5rdqa2726hc5yzB51l

Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар; ЗНАМ и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryul882s127qtf02ptL4l

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти – новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 квадратни метри

Скопје | пред 2 месеци

media-librarymc1ksp3enni63wwGx7x

Герасимовски: Пријавете се на ГИС порталот, брзи дигитални услуги и информации за Општина Центар

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryilp2btmjqett64HqGbS

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта, повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања