Промени тема
Контакт

Герасимовски: По педесет години, целосно се реконструира салата „Работнички“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
rabotnicki-gerasimovski-3

Општина Центар започна со целосна реконструкција на салата „Работнички“, која со децении беше во катастрофална состојба – запуштена, оштетена и без основни услови за тренинзи и натпревари.

„Со оваа реконструкција го враќаме достоинството на овој спортски симбол на нашата општина, дом на македонската кошарка. Многу мои претходници ветуваа решенија и проекти на хартија, но без реализација. Откако годинава ја добивме надлежноста врз објектот, веднаш почнавме со работа. Реконструираниот простор целосно ќе ги исполнува ФИБА стандардите, а КК ,,Работнички" ќе добие современа сала за тренинзи и натпревари, што ќе овозможи враќање на клубот на европската кошаркарска сцена“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски на прес конференцијата.

Активностите на терен веќе во полн ек. Се поставува нова фасада и кров, а првата фаза опфаќа целосна реконструкција на канцелариските простории каде беа сместени спортските федерации.

— реклама —

Втората фаза предвидува реконструкција на теренот, негово проширување, поставување нова еластична подлога според стандардите на ФИБА, реконструкција на гледалиштето со нови седишта, како и на соблекувалните и туш кабините, и поставување на климатизација и подно греење.

— реклама —

„Со оваа целосна реконструкција, салата „Работнички" ќе стане современа и енергетски ефикасна, целосно прилагодена за врвни спортски настани", додаде Герасимовски.

— реклама —

Општина Центар, вложувајќи во спортската инфраструктура и притоа почитувајќи ги меѓународните стандарди, активно придонесува за унапредување на спортот во Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr5rdqa2726hc5yzB51l

Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар; ЗНАМ и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryul882s127qtf02ptL4l

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти – новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 квадратни метри

Скопје | пред 2 месеци

media-librarymc1ksp3enni63wwGx7x

Герасимовски: Пријавете се на ГИС порталот, брзи дигитални услуги и информации за Општина Центар

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryilp2btmjqett64HqGbS

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта, повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања