Промени тема
Контакт

Герасимовски: Се чистат две критични депонии на Кале, Општина Центар во акција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Deponija-5

Општина Центар денеска работи на чистење на две критични диви депонии – под Кале и на крак од улицата „Самоилова", зад Американската амбасада. Со механизација, багери и камиони, беше подигнат крупен отпад и шут, кој со години наназад претставува сериозна закана за животната средина и здравјето на жителите.

Се работи за локации кои и покрај постојаните интервенции на општината, постојано се полнат со смет и отпад, и буквално преку ноќ се претвораат во жаришта на загадување и извор на потенцијални здравствени ризици.

Паралелно со оваа акција, вчера службите на ПОЦ интервенираа и во Маџир Маало, каде што по пријава од граѓаните беше целосно расчистено уште едно сметиште.

— реклама —

— реклама —

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потсетува дека пред само дваесетина дена на барање на жителите беше расчистена и долгогодишната депонија во близина на Ист Гејт Мол.

„Чистотата е наша заедничка обврска! Сите мораме активно да придонесуваме за одржување на уреден и здрав град. Ова е борба која сите нас не засега”, вели Герасимовски.

— реклама —

Општина Центар и градоначалникот Герасимовски апелираат до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота, да не го оставаат отпадот на недозволени места и со своето однесување да придонесат за создавање на чиста и здрава животна средина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr5rdqa2726hc5yzB51l

Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар; ЗНАМ и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryul882s127qtf02ptL4l

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти – новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 квадратни метри

Скопје | пред 2 месеци

media-librarymc1ksp3enni63wwGx7x

Герасимовски: Пријавете се на ГИС порталот, брзи дигитални услуги и информации за Општина Центар

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryilp2btmjqett64HqGbS

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта, повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања