Промени тема
Контакт

Герасимовски: Заврши повикот за субвенции за купување велосипеди, е-велосипеди и тротинети за 2024 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
gerasimovski-izjava

Во рамки на проектот „Цел Центар на точак", Општина Центар додели вкупно 140 субвенции за оваа година: 110 за нови велосипеди и 30 за електрични велосипеди и тротинети.

Аплицирањето за субвенции за купување велосипеди, е-велосипеди и тротинети е завршено, но повикот за субвенционирање дополнителна опрема останува отворен до исцрпување на средствата или до 31.12.2024 година.

— реклама —

Секој полнолетен граѓанин имаше право на еднократна субвенција во висина од 30 отсто од цената, но не повеќе од 3.000 денари, информира општината.

„Овој проект не само што го олеснува секојдневието на жителите на Центар, туку и го подобрува квалитетот на живот со промоција на здрави навики и алтернативни начини на транспорт. Секој нов велосипед и тротинет значи помалку сообраќаен метеж и повеќе слободни паркинг места. Продолжуваме со поддршката за сите кои се дел од оваа позитивна промена", порача градоначалникот Герасимовски.

— реклама —

Општина Центар заслужено ја носи титулата највело општина, благодарение на современата велосипедска инфраструктура развиена на сервисните улици.

— реклама —

Истовремено, како пионер во промоцијата на алтернативниот превоз, Центар е првата општина во Македонија која, на барање на граѓаните, воведе субвенции за дополнителна опрема за велосипеди, електрични велосипеди и тротинети, се додава во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr5rdqa2726hc5yzB51l

Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар; ЗНАМ и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryul882s127qtf02ptL4l

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти – новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 квадратни метри

Скопје | пред 2 месеци

media-librarymc1ksp3enni63wwGx7x

Герасимовски: Пријавете се на ГИС порталот, брзи дигитални услуги и информации за Општина Центар

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryilp2btmjqett64HqGbS

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта, повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања