Промени тема
Контакт

Германија го продава енергетскиот гигант Унипер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
germanija-zname

Германската влада одлучи да го продаде енергетскиот гигант Uniper, три години откако компанијата беше национализирана поради последиците од конфликтот меѓу Русија и Украина.

Огласот објавен во „Financial Times“ покажува дека како можности се разгледуваат директна продажба на компанијата и/или излегување на берза преку иницијална јавна понуда на акции.

— реклама —

Унипер, најголемиот германски увозник на гас, западна во сериозни финансиски проблеми во 2022 година, кога Русија ги прекина испораките на гас.

Германската влада тогаш ја спаси компанијата со пакет помош вреден повеќе милијарди евра и практично стана нејзин единствен сопственик, пренесува ДПА.

— реклама —

Европската унија го одобри договорот под услов државата до крајот на 2028 година да го намали својот удел на најмногу 25 проценти плус една акција.

— реклама —

Според весникот „Süddeutsche Zeitung“, германската влада е подготвена за продажба на еден или повеќе пакети акции на инвеститори, берзанско котирање или комбинација од двата модели.

Целиот процес треба да заврши до ноември, додека подготовките за иницијална јавна понуда на акции се планирани за јануари 2027 година.

— реклама —

Инвеститорите можат да го пријават својот интерес до 12 јуни.

Во известувањето се наведува и дека германската влада по приватизацијата планира да задржи удел од 25 проценти плус една акција во Унипер, со што би обезбедила блокирачко малцинство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd2qu3p83d63k7PIAIdi

„Мерц ја уништува Германија“: Рускиот претставник Дмитриев тврди дека канцеларот наскоро ќе поднесе оставка

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryjnokbt0rlqpi3wS3V3J

Германија ја преполовува квотата за визи за Западен Балкан, потешко до работа за работниците од Србија

Свет | пред 1 ден

media-library3vpfth01mcl61IhxLif

Мртво новороденче пронајдено во кеса покрај пат во Германија, полицијата трага по мајката

Свет | пред 2 дена

stack-money-coin-with-trading-graph

Цените на енергијата во Германија скокнаа за 14,9 отсто за една година

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања