Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Германија наскоро ќе открие кој стои зад обидот за напад со дронови во Лајпциг: Мерц порача „ќе платат“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Германската влада наскоро ќе ги објави сознанијата за тоа кој стои зад обидот за напад со дронови на аеродромот во Лајпциг, најави канцеларот Фридрих Мерц, притоа предупредувајќи дека одговорните ќе се соочат со сериозни последици.

Инцидентот се случил на 4 август и, според Мерц, претставува уште еден показател дека Германија е сè почесто изложена на хибридни закани.

— реклама —

„Ќе платат за тоа“, порача германскиот канцелар во пресрет на седницата на Владата во Нојхарденберг, но додаде дека деталите од истрагата нема да бидат објавени на самата седница.

Мерц оцени дека извршителите на ваквите напади стануваат сè посмели и дека свесно преземаат ризик од голема материјална штета, но и од повредени или човечки жртви.

— реклама —

Германската влада, како што посочи, презема мерки за заштита од вакви закани, меѓу кои е и планираното формирање Центар за дронови во Магдебург. Истовремено, Берлин најавува и мерки за одвраќање.

— реклама —

„Германија испраќа јасна порака – оние што стојат зад хибридните напади ќе се соочат со сериозни последици“, порача Мерц.

Според информации на германските медиуми, дрон со експлозив бил насочен кон украински товарен авион на аеродромот во Лајпциг. Безбедносните служби, според досегашните сознанија, веруваат дека во обидот биле користени три дрона.

— реклама —

Поради германската воена и политичка поддршка за Украина, постои сомнеж дека зад нападот би можела да стои Русија, но конечните наоди за сторителите сè уште не се официјално објавени.

По новиот случај, дел од германските политичари бараат поостар одговор кон Москва. Пратеникот Себастијан Фидлер од СПД порача дека е време рускиот претседател Владимир Путин да ги почувствува последиците, вклучително и преку мерки против таканаречената „флота во сенка“ која оперира во близина на германскиот брег.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd2qu3p83d63k7PIAIdi

Мерц се закани со блокада на буџетот на ЕУ ако сите членки не се обврзат да ја финансираат Украина

Свет | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Германскиот канцелар против соработка со АфД: „Немаат место меѓу нас“

Свет | пред 2 седмици

media-libraryd2qu3p83d63k7PIAIdi

Мерц: Црна Гора би можела да стане 28. членка на ЕУ во 2028 година

Балкан | пред 2 седмици

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц од Киев до Путин: „Запрете ја оваа бесмислена војна, подготвени сме за разговори“

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања