Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Германија предупредува: „Цените на горивата нема брзо да паднат“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

Германската влада денеска соопшти дека цените на горивата во земјата нема брзо да се намалат, и покрај двонеделното примирје меѓу САД и Иран, кое подразбира повторно отворање на Ормускиот теснец.

— реклама —

Заменик-портпаролот на владата, Себастијан Хиле, изјави дека, иако примирјето е добра вест, треба да се биде реален во очекувањата, пренесува „Виртшафтсвохе“.

— реклама —

„Сè уште сме далеку од договор, а значајни застои се секогаш можни“, порача тој.

Како што наведе, повторното отворање на Ормускиот теснец ќе потрае и нема да доведе до моментално враќање на состојбата како пред 28 февруари, кога започнаа нападите на САД и Израел врз Иран.

— реклама —

Според проценката на владата во Берлин, откако бродовите повторно ќе поминуваат низ Ормускиот теснец, ќе бидат потребни дополнителни три до шест недели за стоката да пристигне во Европа и за новите количини реално да се појават на пазарот.

— реклама —

Хиле заклучи дека поради тоа не треба да се очекува значително намалување на цените на горивата во Германија на краток рок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Германските ракети со дострел до 2.000 километри отвораат нова безбедносна дилема во Европа

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Германија стравува од недостиг на гас, планира формирање државни резерви

Свет | пред 2 дена

media-library18i26ga29ta675rNxAu

Германија ги исфрла кинеските дронови од употреба во својата војска

Свет | пред 3 дена

media-library28mg73apibvg37GaVOa

(Видео) Инцидент пред германскиот парламент: Палестинско знаме го замени германското

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања