Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Германски партии со заеднички бојкот на социјалната мрежа X поради дезинформации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Магазин
media-library2cjkt6o6sn7r54KUbdC

Германските парламентарни партии Социјалдемократската партија на Германија (SPD), Зелените и Левицата донесоа заедничка одлука да ги прекинат своите активности на социјалната мрежа X (поранешен Twitter), соопштено е во Берлин. Одлуката се однесува на сите официјални канали на партиите, како и на нивните регионални и локални организации, но и на профилите на водечките функционери.

— реклама —

Во заедничкото соопштение, објавено под хаштагот „Го напуштаме X“, партиите наведуваат дека платформата „во последните години паднала во хаос“ и дека политичката комуникација таму сè повеќе е оптоварена со дезинформации. Според нив, X повеќе не овозможува квалитетна јавна дебата, туку придонесува за ширење неточни информации.

— реклама —
— реклама —

Трите партии им препорачале и на своите членови и симпатизери да се повлечат од платформата и да преминат на алтернативни сервиси, при што посебно се споменува мрежата Bluesky како можен простор за идни политички дискусии.

Одлуката се поврзува со промените во работењето на платформата по нејзиното преземање од страна на Илон Маск во октомври 2022 година, кој, како што се наведува, има и политички ставови блиски до поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ilon-mask

Маск размислува да ги спои „Тесла“ и „СпејсИкс“, експертите предупредуваат на ризици

Технологија | пред 1 седмица

— реклама —
Elon-Musk-loses-worlds-second-richest-ranking

Франција: Маск ја користи Икс за напади врз европски политичари

Свет | пред 2 седмици

ilon-mask

По Трамп и Маск бара заминување на Зеленски: „Време е Украина да добие нов лидер“

Свет | пред 2 седмици

Elon-Musk-loses-worlds-second-richest-ranking

Шивон Зилис и Илон Маск ставија крај на врската преку „Х“

Сцена | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања