Промени тема
Контакт

Ѓорѓиевски: Над 1.200 онколошки пациенти побараа помош, исплатите се реализирани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-library1ad3iak2398n9K6Jewi

Повеќе од 1.200 онколошки пациенти аплицирале на повикот за финансиска поддршка, а исплатата за сите што ги исполниле условите е завршена или ќе биде завршена во текот на наредниот ден, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека секоја од пристигнатите апликации била разгледана со внимание и посветеност, со цел помошта да стигне до оние на кои им е најпотребна.

— реклама —

„Постојат моменти кога зборовите не се доволни. Моменти кога човечноста не се мери со тоа што ќе го кажеме, туку со тоа дали ќе подадеме рака кога некому му е најтешко“, порача Ѓорѓиевски.

Повикот за финансиска поддршка сè уште е отворен, што значи дека пациентите што ги исполнуваат условите и досега не аплицирале, можат да го сторат тоа.

— реклама —

Ѓорѓиевски нагласи дека зад секоја од бројките стои човек и семејство кое се соочува со тешка животна битка, поради што институционалната поддршка, според него, не треба да остане само на зборови.

— реклама —

„Наша човечка и институционална обврска е да бидеме покрај нашите сограѓани не само со зборови, туку со конкретни дела, грижа и поддршка“, истакна градоначалникот.

Тој додаде дека целта е ниту еден пациент и ниту едно семејство да не се чувствуваат сами во периодот кога им е најтешко.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1fnoa3oc0m5ac0cUM4f

(Видео) Орце ги нарече „хор Ветер и магла“ советниците на Левица кои го исвиркаа на седница на Советот

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryp0b2i5pdb1973OTwbn0

Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град Скопје

Скопје | пред 1 седмица

media-library1ad3iak2398n9K6Jewi

„Да оставиме пример, не ѓубре“: Орце Ѓорѓиевски најави голема еко-акција за чистење на Скопје

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryn9ji0h8ktb829HdY03f

По спектаклот со Гета, Скопје се чистеше до рано наутро

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања