Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Ѓорѓиевски најави субвенции за згрижувачките семејства по посетата на СОС Детско село

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-libraryunbkps3iknuj7F5ojHC

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски по повод Меѓународниот ден на семејството го посети СОС Детско село, каде се сретна со децата, згрижувачките семејства и тимот на организацијата.

— реклама —

За време на посетата беа донирани подароци, а Ѓорѓиевски истакна дека најсилен впечаток кај него оставиле животните приказни, талентот и истрајноста на младите кои растат во СОС Детско село.

„Овие деца се вистински херои. Меѓу нив има стипендисти на американски колеџи, првенци на генерации и млади луѓе кои секојдневно покажуваат дека со поддршка, љубов и грижа нема невозможни патишта“, беше посочено по средбата.

— реклама —

Градоначалникот најави дека со следниот ребаланс на буџетот, Град Скопје ќе обезбеди средства за субвенции за секое згрижувачко семејство, со цел да се создадат подобри услови за децата и младите.

— реклама —

Дополнително, беше најавено дека иницијативата ќе биде покрената и преку ЗЕЛС до сите општини во државата, за обезбедување еднаков третман и поддршка за секое дете.

Како дел од долгорочните мерки, Град Скопје ќе иницира и меморандум со бизнис-заедницата за обезбедување загарантирани работни места за младите кои излегуваат од системот на згрижување.

При посетата беше изразена благодарност до директорката Јулијана Накова Гапо и целиот тим на организацијата за нивната посветеност и грижа кон децата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6qvio439351v2RcbE1D

Ѓорѓиевски: Иднината на младите се гради со можности, поддршка и доверба

Скопје | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryc3c7i09stp432oTwYh5

Над 400 оброци поделени за најранливите сограѓани по повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryp0b2i5pdb1973OTwbn0

(Видео) Ѓорѓиевски: По 30 години чекање – за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryp66m4targ2qg2ciopij

Ѓорѓиевски: Со Франција отвораме нови можности за Скопје 2028

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања