Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Ѓорѓиевски: Скопје е подготвено за најавеното силно невреме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-libraryi5goa5t6sn22fVmw5ko

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека градските служби се целосно подготвени за најавеното силно невреме што, според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, се очекува во попладневните часови.

Тој информира дека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје континуирано работат на расчистување на канализациската мрежа, шахтите и сливниците, со цел да се овозможи непречено одведување на атмосферските води и да се намали опасноста од поплавување на критичните точки во градот.

— реклама —

Според Ѓорѓиевски, Кризниот штаб на Град Скопје веќе одржал состанок и сите служби се ставени во состојба на целосна мобилизација. Екипите ќе бидат постојано на терен и подготвени веднаш да интервенираат доколку невремето предизвика проблеми.

— реклама —

Тој нагласи дека во функција се ставени сите расположливи човечки и технички капацитети, со цел да се заштитат граѓаните, нивниот имот и градската инфраструктура.

Воедно, градоначалникот апелираше до граѓаните да не фрлаат отпад во шахтите, сливниците и на јавните површини, бидејќи тоа го попречува одведувањето на дождовната вода и го зголемува ризикот од поплави.

— реклама —

„Град Скопје останува буден, мобилизиран и целосно посветен на заштитата на граѓаните“, порача Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykihm0ffcg7ks161AHl4

По децении чекање, почна реконструкцијата на улицата „Лазар Поп Трајков“ во Гази Баба, најави Ѓорѓиевски

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryjmcfj28ferrj6CL7jhx

Околу 30.000 граѓани го чистеа Скопје, Ѓорѓиевски најави акции двапати месечно

Скопје | пред 2 дена

media-library6qvio439351v2RcbE1D

Ѓорѓиевски: Иднината на младите се гради со можности, поддршка и доверба

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryc3c7i09stp432oTwYh5

Над 400 оброци поделени за најранливите сограѓани по повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања